Дом и семејство

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО: Сашка Веселинов покажа како ужива во семејниот дом- снаата на Ноле откри во каков луксуз живее

Весело во домот на Сашка и Ѓорѓе...

Сашка Веселинов само неколку дена по породувањето објави видео од семејниот дом на Ѓоковиќ, каде може да се види како новопечената мама ги поминува деновите со синот Александар.

Сашка Веселинов, сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, се породи минатата недела.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Таа сега на својот профил објави видео од нивниот семеен дом.

фото принтскрин/Тик-Ток

На видеото се гледаат нејзините миленици, папагалот и кучето како си играат, а во една кадар се најде дури и пелената на малиот Александар. Врз основа на клипот можеме да заклучиме дека во семејниот дом на Ѓоковиќ владее весела атмосфера.

фото принтскрин/Тик-Ток

Инаку, Ѓорѓе, братот на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, одржа емотивен говор на прославата на раѓањето на неговиот син, при што пушти неколку солзи и призна дека бил присутен на породувањето на неговата сопруга. , на која и се заблагодарил за се што направила за него.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

-Сакам да ви се заблагодарам на сите што дојдовте, и да упатам голем поздрав и благодарност до Сашка и сето она низ кое таа помина. Денеска присуствував на породувањето и видов секакви работи, и навистина е неверојатно чувството да се биде таму, тоа е нешто што би го препорачал на секого и прекрасно е кога држиш дете во раце. Јас сум најгорд на светот што имав можност да ја видам и почувствувам и да бидам со неа во тој момент, тоа е навистина величествен момент и ние мажите треба да им бидеме благодарни на нашите жени за се што прават за нас – изјави Ѓорѓе.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов се венчаа во средината на септември минатата година и имаа луксузни прослави на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.

nportal.rs

Нивната прва средба не била баш пријатна а парот во една прилика откри дека тоа и не било љубов на прв поглед како што многумина милуваат да кажат.

nportal.rs

– Бевме излезени. Дојдов до неа и и реков: „Здраво“, таа гледаше во телефонот, не ме ни погледна мене – изјави во една прилика Ѓорѓе Ѓоковиќ.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– Нашата прва средба не беше баш славна. По три недели разменивме броеви и дури подоцна се видовме. Џоле толку многу зјапаше во мене додека одевме што се удри во автомобил, мислеше дека не го забележав, но јас го забележав – изјави Сашка во емисијата „Амиџи шоу“.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– Од првиот ден неофицијално живееме заедно. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден некако беше тука за мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече: „Не можам повеќе да ги носам овие работи“, бидејќи тој зема торба, ја полни со работи за неколку дена, па ја менува и слично. Потоа само рече: „Би сакал една дестинација да ни биде дом, да се вратиме во истата куќа по патувањето“. И така го започнавме нашиот заеднички живот и навистина е убаво чувството – призна пред неколку месеци Сашка за „Телеграф“.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close