Дом и семејство
Први фотографии од синчето: Сораја го покажа наследникот- старлетата целосно се посвети на мајчинството
Се посвети на синот...
Пред повеќе од месец дена старлетата Сораја Вучелиќ го роди синот Кан. Иако многумина не ни знаеја дека Сораја е бремена таа сега се врати на социјалните мрежи па прво ги изненади фановите со својот изглед а потоа сподели и видео од бебенцето.
Од фотографиите кои ги сподели може да се забележи дека Сораја не се променила многу во бременоста па дури и не се забележува ниту еден килограм вишок на нејзиното тело.
Сораја исто така објави видео од синот како ги движи нозете и ги воодушеви своите следбеници, а во описот напиша дека ужива во убав ден со своето бебе.
– Нашата недела. Се сакаме до месечината и назад – напиша Вучелиќ во описот на видеото што го објави. Кан беше облечен во бели шпикозни во вид на зајаче на кое се напишани буквите од азбуката и бројките.
Инаку Сораја непосредно пред породувањето објави неколку фотографии на кои го гали трудничкото стомаче, па фановите дури тогаш можеа да ја видат бремена.
Старлетата се породи во болница во Швајцарија, но ќе живее со семејството во Русија неодамна откри извор близок до неа:
– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Го чекаат рускиот пасош на бебето и таму ќе биде нивната база. Ги затвори социјалните мрежи и врти нов лист во животот – рекол изворот.
Откако се породи јавноста на големо шпекулира за тоа кој е татко на детето на Сораја Вучелиќ.
Имено пред неколку дена извор блисок до Сораја за српски Информер откри дека наводно таа родила дете од оженет бизнисмен од Русија!
Сораја и нејзиниот партнер имале катастрофални односи се додека тој не ја убедил дека не ја сака сопругата, туку неа.
-Без разлика што партнерот на Сораја е во брак, тие двајца се во долга врска. 40-годишниот бизнисмен веќе некое време е во лош брак, не ја сака сопругата, но се уште не се развел. Отпрвин и пречеше на Сораја, па се степаа, раскинаа, се помирија и слично. Нивната врска била катастрофална се додека не сфатила дека Русинот навистина ја сака и дека нема ништо со сопругата, освен дека се заедно на хартија. Тој е луд по неа.
– Работеа на тоа Сораја да забремени. Тие многу се сакаат, па Кан е плод на нивната љубов. Секогаш кога ќе се разделат поради службените патувања на нејзиниот партнер, кој има бизниси во Белгија, Холандија и други европски градови, тие двајца се на видео повик по цел ден. Русинот ја сака толку многу што е подготвен да направи се за неа. Ако сака чанта што може да се купи само во Америка, веднаш организира се за Сораја да ја добие. Единствено што поради неа тој се уште не научил српски, па комуницираат на руски и англиски. Но, и тоа ќе го научи, сигурен сум. Тие се прекрасен пар и се многу среќни, особено сега кога станаа родители – истакна изворот за горенаведениот медиум.