Кафе муабет

Први фотографии на Данијела Мартиновиќ со новото момче: Пејачката никогаш не била посреќна, тој е поголем фраер од Грашо?

Ужива во љубовта...

Пред речиси две години во медиумите како бомба одекна веста дека Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ставија крај на својата две и пол децениска љубов.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Сите нивни обожаватели беа заинтригирани од веста за разделбата но парот до денес не ја соопшти причината за разделбата и останаа доследни на своите ставови, па тоа не го соопштија јавно.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Набргу по раскинувањето, хрватскиот музичар среќата ја најде покрај својата 15-години помлада колешка и ќерка на неговиот соработник Тончи Хуљиќ, Хана, со која се ожени минатиот февруари, а пред неколку месеци се роди нивната прва ќерка Алба.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела никогаш не сакала да зборува за брачниот пар Грашо- Хана кога ја прашуваа новинарите, а притоа била таинствена кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Сепак, пејачката ја пронајде својата среќа. Новото момче на Данијела Мартиновиќ е загрепскиот полицаец Јосип Плавиќ. Поранешната партнерка на Петра Грашо ги откри деталите за новата љубов, а како што неофицијално дознаваат медиумите зад себе има брак во кој доби ќерка.

фото Глорија.хр

Покрај тоа што е криминален инспектор, во забавните кругови е познат и како рок пејач и гитарист. Според информациите на интернет, тој е член на бендот „Изван Закон“, основан во 1991 година.

фото Глорија.хр

Плавиќ и Мартиновиќ заедно позираа пред објективот на хрватскиот магазин Глорија, а судејќи по коментарите под фотографиите, ова момче многу повеќе и одговара на Даниела.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

-Данијела ја заслужува целата љубов и среќа на овој свет, Да живее љубовта, ти си за Грашо измислена. Нека љуби и нека ужива, Искрено се радуваме за Данијела уживајте и само сакајте се, се само дел од коментарите од обожавателите на пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Како што откри Данијела, таа се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле со контактот од кој на крајот се „родила“ љубов.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа – изјавила Даниела за Глорија.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа на памет дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти за кои секако ќе се огласам во иднина бидејќи сакам оваа приказна да остане забележана – истакна пејачката.

Фото Фејсбук/Јосип

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close