Кафе муабет

Потресна порака на вонбрачниот син на Мирослав Илиќ која ги расплака сите, со овој потег Девин ги изненади сите!

Вели дека е благодарен на својата мајка...

Борбата за докажување на татковството на Мирослав Илиќ над синот на Мирјана Антоновиќ, Девин, трае со години, а пред извесно време судот донесе пресуда со која се потврди дека Мирослав е татко на Девин.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Но, и по изрекувањето на пресудата, Мирослав ја отфрли одлуката за татковство со јасен став дека никогаш нема да го признае својот вонбрачен син.

фото инстаграм/Мирослав Илиќ

Меѓутоа, Девин многупати во јавноста зборувал за тоа дека нему како возрасен и стаблиран човек повеќе не му треба татко и дека неговата борба е всушност борба за вистината.

фото принтскрин

– Не чувствувам никаква разлика по завршувањето на судењето. Сигурен сум дека ова не е крајот. Го мразам целиот овој процес. Овој тип на публицитет најверојатно му одговара на Мирослав. Да не беше така, оваа фарса одамна ќе беше завршена. Сето ова е несфатливо – рече тогаш Девин и додаде:
– Вистината е една и од неа не може да се избега. Повеќе не ми треба татко во мојот живот и благодарен сум што отсекогаш имав храбра и посветена мајка со челични нерви. Но, поради таквиот лош закон, каде што судството е врзано со лисици, страдаат многу мајки и деца.

фото принтскрин/Фејсбук

Во знакот на борбата за вистината, Девин Антоновиќ се огласи преку „Фејсбук“ профилот на неговата мајка Мирјана, за да ги повика сите кои го поддржуваат во оваа борба да го сменат законот за ДНК во Србија – за неговата победа да биде комплетна.

Оваа порака индиректно испратена до Мирослав е уште еден доказ дека неговиот вонбрачен син израснал во неверојатен човек, борец за човекови права, но и човек кој сака целосно да ја докаже вистината и цел свет да дознае кој е неговиот татко.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Од моментот кога поднеле тужба за татковство против Мирослав Илиќ, Мирјана и Девин Антоновиќ тврделе дека не ги интересира никаков имот, ниту пак сакаат финансиска корист од пејачот.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Нивната единствена цел, велат тие, била да го утврдат потеклото на Девин.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Имајќи предвид дека Девин води речиси луксузен живот во Америка, кој самиот си го обезбедил, би се рекло дека мајката и синот ја кажувале вистината.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Со оглед на тоа дека Девин е лекар по професија, не е чудно што успеал да си ги обезбеди финансиите на релативно млада возраст.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Иако и самиот се труди да се држи настрана, неговата мајка често со гордост ги известува своите следбеници на социјалните мрежи како живее, нагласувајќи дека тој е синот што може само да го посака.
Да потсетиме, пејачот од Мрчајевци започнал љубовна приказна со Мирјана во далечната 1984 година.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Се запознале преку заеднички пријатели, па започнале романса, иако тој беше во брак со Гордана Илиќ.
По многубројните долги средби на суд и медиумски конфликти, Антоновиќ успеа во борбата, а со резултатите се пофали на социјалната мрежа Фејсбук.

фото Фејсбук/Мирјана Антоновиќ

– Драги мои трпеливи пријатели, денес е ден за славење. Донесена е судска одлука дека Мирослав Илиќ и Девин Антоновиќ се татко и син. Денеска од среќа плачевме и сме презадоволни. Им благодариме на нашите сведоци, на нашиот одличен адвокат Вилијам Паспаловски, на судијата кој донесе правична одлука, на медиумите кои следеа сè, честопати измрзнуваа со часови и на сите вас кои со години не поддржувавте да истраеме под огромен притисок. Ова не е само наша победа, туку победа на сите мајки и деца на Србија. Тој што не му се допаѓа оваа одлука нека тужи, а ние имаме уште повеќе. Ќе продолжиме се додека не се смени овој застарен закон за ДНК кој е насочен против развојот на српските семејства и српското општество.Отсекогаш сум сакала и верував дека правдата се уште може да се најде во Србија и многу ми е мило што не се разочарав . Ви благодарам многу , вашата Мирјана неизмерно ве сака – истакна таа.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close