Кафе муабет
ПОРАСНА ВО ВИСТИНСКА УБАВИЦА: Погледнете каква ќерка има Чолиќ- атрактивна млада дама која го наследила шармот од тато!
Вистинското име и е Уна Звездана...
Здравко Чолиќ важ за еден од најголемите шармери на овие простои, на кого годинте не му можат ништо.
Тој со семејството живее во елитен, но и мирен дел од главниот град.
Според фотографиите кои постарата ќерка Уна Чолиќ, ги поставува на социјалните мрежи може да заклучиме дека шармот и харизмата ги наследила од нејзиниот татко.
Популарниот пејач Здравко Чолиќ и неговата сопруга Александра се во брак две децении, а нивната постара ќерка Уна е многу активна на социјалните мрежи и има голем број следбеници.
Она што може да се заклучи од објавите е дека младата Уна студира, како и дека го користи секој слободен момент за да ужива во добра музика и забава со своите пријатели.
Она што е малку познато во јавноста е дека Уна има две имиња. Кога сопругата на Здравко Чолиќ, Александра во 2001 година го роди првото девојче, среќните родители решија да и дадат две имиња, па вистинското име е Уна Звездана.
Да потсетиме, пејачот е во брак со Александра со која застана на лудиот камен во 2001 година, па повеќе од 19 години успеваат да ја сокријат својата љубов од јавноста. Покрај Уна, тие ја имаат и ќерката Лара.
„Уна е потполно на мене. Но амбицијата што ме држеше мене – да бидам најдобар ученик, најдобар во скок во далечина, најдобар на сто метри и на крај еден од најдобрите студенти со просек 8,6 е поголема од нејзината и целата нејзина генерација. Уна е прекрасна и паметна, баш како и нејзината сестра Лара. Јас не сум строг родител и тоа е мојот единствен проблем. Денес средината повеќе влијае на децата и младината отколку домот. Школото е еден едукатор, градот друг, тука се спортските клубови, кафулињата…“
„Уна е иста како мене, ја има мојата генетика и енергија, не ја држи место. Сопругата тоа не може да го разбере, она ја има таа строгост, а јас се наоѓам меѓу два огна. Ми вели еден човек кој има два сина- ‘Леле, Чола јас имам два сина, ти две ќерки, но тебе ти е потешко’. Тоа навистина е малку проблем, посебно за татко што се занимава со оваа работа“, изјави Чолиќ во една пригода за весникот „Вечерње новости“.
Позната е како девојка од стил, која на Инстаграм има преку 25 000 фанови, а на нејзините фотографии изгледа како топ модел.
„Најверојатно нема да се занимава со никаква јавна работа, бидејќи студира нешто што утре би можело да и користи околу некој бизнис. Мислам дека не е во таквиот јавен свет. На сите млади девојки, и пред се на девојчињата им годи малку да се сликаат така, без разлика што во суштина тие не се такви природно“, истакна нејзиниот познат татко.