Дом и семејство

Поради неа ја напушти Америка и го промени животот: Ова е сопругот на Илда Шаулиќ- еве како пејачката се согласува со свекрвата, овој гест кажува се!

Бојан со неа основа семејство...

Семејствата Шаулиќ и Вучковиќ отсекогаш биле блиски, а таткото на Илдa, покојниот крал на народната музка Шабан Шаулиќ и таткото на Бојан биле одлични пријатели.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда го запознала својот сопруг, исто како и нејзиниот свекор и свекрва на рана возраст, а во една прилика открила како започнала љубовната приказна со Бојан.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Доволно е да се каже дека таткото на Бојан е еден од виновниците за љубовта на татко ми кон риболовот. Неговото семејство имаше викендица во Бановци, во која отидовме семејно – ја започна таа љубовната приказна за „Глоси“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, бидејќи во тој период од осум години разлика, колку што е Бојан постар од мене, ги имаше многу. Тој отиде во Америка кога имаше 20 години, а јас само 12. Кога тој беше тинејџер, јас бев навистина дете. Братот на Бојан, Бранко ми беше најдобар пријател, бидејќи сме генерациски блиски. За Бојан, јас, Санела и Бранко бевме деца, па не му бевме интересни – рече тогаш таа и откри како изгледала нивната прва средба по долги години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Мислам дека за него и за мене нашата прва средба, по долги години во кои не бевме во контакт, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, разговаравме како сите тие години да се гледавме секој ден. Можеби тоа ми беше невозможна мисија во тој момент, бидејќи ниту очекував ниту бев подготвена за врска и таков близок контакт со маж кој го познавам, а всушност не го познавам. Тоа беше многу специфична ситуација за мене, верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не погрешивме. Велам дека тој е мојата друга половина – открива Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Свекрвата на Илда Шаулиќ со цело срце навивала за оваа љубов, бидејќи Бојан се вратил од Америка, основал семејство со Илда и конечно повторно бил поблиску до неа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Истовремено, семејствата Шаулиќ и Вучковиќ одржуваа блиски односи, а мајката на Бојан и се посвети на снаата во најтешкиот момент, кога пред три години го загуби татко и.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Свекрвата на Илда Шаулиќ и денес доаѓа на гробот на Шабан со снаата за да и даде утеха и поддршка и таа ја опсипува со љубов како втора мајка.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Последните три години беа најтешки за пејачката

Илда Шаулиќ минатото лето се соочи со голема загуба.
Откако и “зараснуваа раните”, по загубата на нејзиниот татко, пејачката се соочи со уште една загуба која и го сркши срцето. Имено пејачката дозна дека е бремена со второ дете, но и дека е заболена со коронавирус.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Имено Илда успеа да се избори со короната, но за жал нејзината состојба во однос на бременоста се влоши, па пејачката го загуби бебето на кое толку многу му се радуваше.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Таа тогаш напиша трогателна порака која расплака многумина.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Драги мои, малку е да се каже дека сум трогната од неброените пораки на поддршка кои ги добив. Не знам дали ќе можам на сите поединечно да ви се заблагодарам, затоа овде на сите ви ја возвраќам својата љубов. Она што е за мене најважно е, се што било да се обидам да го оставам зад себе и во овој момент да се сконцентрирам на некои поубави денови, кои се надевам дека ни престојат. Моментално, најпотребен ми е мир. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ве сака Илда, напиша по загубата на бебето пејачката.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Во една прилика Илда призна дека последниве три години и биле најлоши во животот.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Таков тип сум, силна сум. Можеби не делувам така поради физеономиијата бидејќи делувам кревко и нежно, мислам дека луѓето така ме дожиуваат. Искрено, последниве години мислам дека беа најтешки во мојот живот. Мораме да продолжиме понатаму, мора да се живее и просто треба да живееме од некои убави спомени, се отвори Илда пред новинарите.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда го изгуби своето бебе во третиот месец од бременоста.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

“Без разлика дали короната е причина или не … Мојот гинеколог ми рече дека не можеме загубата да ја препишеме на вирусот Ковид-19, бидејќи немав тешки симптоми и се чувствував добро, сè беше во ред. Можеби нема никаква врска со вирусот, рече таа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close