Кафе муабет
Популарниот Езел стана татко по втор пат, на детето му го дадоа најпопуларното име во Турција!
Актерот е пресреќен ...
Турскиот актер Кенан Имирзалиоглу, попознат кај нашата публика како Езел по ликот од истоимената серија, стана татко по втор пат.
Неговата 13-години помлада сопруга родила девојче на кое среќните родители и го дале името Лејла.
Синем се породила во престижната турска болница „Таксим Аџибадем“, а потврдено е дека мајката и бебето се добро. Овој познат турски пар веќе ја има ќерката Лалин која ја добија пред две години.
Тие се во брак од 2016 година, а заводливиот актер ја запроси својата избраничка на традиционален начин. На венчавката, која се одржа на островот Чунда во северозападна Турција, присуствуваа 300 гости, од кои многумина се познати личности од светот на актерството.
Инаку, Кенан и Синем се зближија за време на заедничкото снимање на серијата Езел. Нивната љубов беше толку голема што актерката ја прекина врската со фудбалерот со кој тогаш беше во врска, а по една година решија да запловат во брачните води.
Актерот по породувањето на Синем со првата ќерка истакна дека животот му се променил во целост.
„Од тој ден сум посреќен. Родителството е нешто што не може да се објасни со зборови. Не постојат зборови ниту реченици со кои тоа може да се опише, едноставно тоа мора да се доживее“.
„Откако се роди Лалин, за нас започна нов живот. Ми изгледа како да се наоѓам на почетокот на едно ново, убаво патување, изјави тогаш фаталниот актер и додаде дека станал нова личност, но и дека ќе биде тука секогаш за својата ќерка и сопруга, уживајќи во секој момент од татковството“.
Според некои наводи, актерот ја изневерувал Синем додека била бремена со првата ќерка со 37-годишната колешка. Синем знаела во што се впушта, веќе со години се зборува за неговите изневерувања.
Сепак, таа го сака и верува дека тој ќе сфати дека таа е се што му треба на него. Верувала дека детето уште повеќе ќе ги зближи, рекол анонимен извор за турските медиуми.