Кафе муабет
Помалото синче на пејачот Димитар Андоновски наполни една годинка – СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГАВРИЛ
Среќен роденден Гаврил...
Андоновски со музичката кариера започна релативно млад, а денес може да се пофали со многу успеси зад себе.
Започна како виолинист и дел од младите таленти на тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција. Денес е еден од најангажираните наши поп-пејачи и дел од бендот „Тајфата и Димитар“.
Освен на музиката, посветен е и на семејството.
Неговото срце го освои преубавата Христина.
Христина потекнува од Прилеп, а по професија е наставник по историја.
Освен што јавно, на концерт ја запроси Христина, тој често ѝ изразува и љубов преку статуси на социјалните мрежи.
Плод на нивната љубов се нивните синови Михаил и Гаврил.
„Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син.Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот“,напиша Димитар кога му се роди второто синче Гаврил.
Но времето брзо минува, а децата си растат.
Па така, неодамна Гаврил наполни една годинка и славеше роденден.
,,Среќата моја Гаврил, полни една годинка’’ – напиша Димитар на Инстаграм.
Димитар покрај тоа што е посветтен на работата, тој многу често објавува и семејни фотографии
Среќен роденден Гаврил!