Новости

Полни кафулуња и автобуси се можните кластери на заразени? Маските се носат под брада- не веруваат дека постои вирусот!

Властите тврдат дека непочитување на мерките доведе до зголемување на бројот на заболени од Ковид-19

Бројот на заболени од коронавирусот постојано се зголемува, но изгледа тоа многу не ги потресува граѓаните. Се почесто може да се слушне како се коментира дека вирусот е измислен, и дека сето ова е само заговор за пари. Многумина не веруваат во пандемијата која буквално го зафати целиот свет.

фото Marko Todorov/Cropix

Во Хрватска вчера беа забележани 1.096, новозаболени, а тоа е како што велат тамошните власти е поради тоа што кафулињата се полни за време на викендите. Маските не се носат според протоколот, многумина ги носат под брадата, што значи дека воопшто не се заштитени.

фото Marko Todorov/Cropix

Во Загреб беа заострени епидемиолошките мерки и покрај обврската да се носат маски во затворено и да се одржува физичкото растојание, маските сега се задолжителни на отворено, каде што не е можно да се одржи растојание од два метра.

Властите препорачаа во градот да се зголеми бројот на возила за јавен превоз и да се зајакне контролата над неформалните собири, како и работата на угостителските објекти.

Чекање на автобуска станица

Секојдневно толпа луѓе речиси еден до друг, чекаат јавен превоз. Во Загреб веќе распоредот на пристигнувања на трамвај навистина е засилен. Во просек, еден трамвај пристигнува на секои три минути.  Но и покрај засилениот број на трамваи, сепак многу малку од луѓето носат маски иако не ја одржуваат соодветната дистанца.

Ова е пракса и во нашата држава. Автобуските станици постојано се полни како и автобусите, но наместо по примерот на Загреб, властите предложија да се редуцира јавниот превоз и да се воведува ограничување на бројот на патници за 50 проценти, што наиде на многу критики.

фото независен весник

Ваквата пракса се случува и во нашата земја. Ретки се оние кафулиња каде за време на викендите може да се најде слободно место. Иако постојано се апелира се чини дека свеста на граѓаните можеби и е на пониско ниво. Со новите рестриктивни мерки, кафеаните и кафулињата ќе работат до 23 часот навечер.

фото сдк

Бројот на заболени забрзано се зголемува

Носењето маски кај нас е задолжително во затворен простор, но и на отворено и во автомобил кога возите лице кое не е член на исто домаќинство.

Повеќе од 20 пациенти со коронавирус секој ден транспортира скопската Брза помош. Дел од нив имале потреба за специјалистички преглед, други пак неопходна хоспитализација на Инфективната клиника или во “ГОБ 8” септември поради влошување на состојбата. Високите бројки на позитивни на Ковид-19 последната недела го зголемија и бројот на интервенции на екипите од Службата 194.

Во последните 24 часа од1853 тестирања, регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во земјава.

Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.<

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close