Кафе муабет

Познатиот актер се ожени со 46 години помлада шминкерка- сите се сомневаа во бракот, но тие докажаа дека живеат љубовна бајка!

Имено и покрај неговата возраст, Дик успеа да ги зачува своите танчерски потези, и очигледно и неговиот шарм...

Актерот, комичар, танчер и пејач Дик ван Дајк кој сега има 95 години пред 9 години ја шокираше јавноста откако објави дека се оженил со неговата девојка, која е 46 години помлада од него, Арлин Силвер.

Foto instagram/Dick Van Dyke

Имено и покрај неговата возраст, Дик успеа да ги зачува своите танчерски потези, и очигледно и неговиот шарм.

Foto instagram/Dick Van Dyke

Дик и Арлин веруваат дека имаат брак како од бајките а разликата во годините воопшто не им е проблем.

Пред Арлин да го запознае Дик, таа беше шминкерка на доделувањето на наградите САГ, но сè што правеше беше зад сцената. Сепак, неколку години подоцна, таа се појави на црвениот тепих во прекрасен фустан со почесниот гостин, нејзиниот иден сопруг Дик.

Foto instagram/Dick Van Dyke
Foto instagram/Dick Van Dyke

Исто како од бајка. Но, тоа не е сè што ја прави нивната врска посебна. Тие многу се сакаат и се грижат еден за друг, и покрај тоа што Дик има скоро 96 години, тоа не го спречува да танцува и да пее со сопругата секој ден.

Foto instagram/Dick Van Dyke
Foto instagram/Dick Van Dyke

Кога првпат се запознаа, во 2006 година, тие прво започнаа активно да се дружат.

Никогаш претходно Дик не разговарал со потполно непозната жена. Но, кога првпат ја виде Арлин, само инстиктивно отиде да и каже „Здраво“. Арлин знаеше кој е Дик, но не се сеќаваше од каде го познава. Не знаеше дека Дик има толку плодна кариера и дотогаш немаше видено ниту една претстава на Дик, ниту Мери Попинс.

Неколку месеци откако се сретнаа, Дик ја ангажираше Арлин како шминкерка во неколку негови филмови од Халмарк. И покрај разликата во возраста, тие веднаш станаа пријатели. Но, не помина многу време пред да се роди љубовната романса. И кога сфатија дека се створени еден за друг тие го кажаа своето судбоносно „да“ во 2012 година.

Foto instagram/Dick Van Dyke

Со текот на годините, Дик и Арлин станаа неразделни. И за нив, разликата во возраста никогаш не претставувала проблем.

„Јас сум емотивно незрел, а Арлин е многу мудра за нејзината возраст, па затоа се наоѓаме во средина“.

Дик дури откри дека Арлин е прекрасна жена со многу трпеливост. „Таа ми даде трет живот, и таа ќе ме следи до см-рт.

За Арлин, Дик е магичен принц.

Foto instagram/Dick Van Dyke

Арлин никогаш не се омажила и ниту една од нејзините поранешни врски не успеала. Според неа, таа морала да бакне многу жаби за да го добие својот принц.

– Тој е совршено човечко суштество, но исто така е и совршен партнер. Ме прави да се чувствувам како ништо да не е невозможно. Тој е мојот најголем обожавател. Тој верува во мене.

За Дик, бракот со Арлин е најпаметниот потег во неговиот живот!

Foto instagram/Dick Van Dyke

Дик ја обожава Арлин. Добро се грижи за него, готви  и прави се што е во нејзина моќ да му го продолжи животот на актерот.

„Се оженив жена која е 46 години помлада и сите мислеа дека сум луд, но таа е апсолутен ангел“, рече Дик.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close