Кафе муабет
Познатата актерка прозборе за борбата со неплодност: Сите среќни моменти се дел од голема болка!
Сите чекори кои водат кон убавиот дел од приказната, тие се многу болни, изолирани и полни со сомнеж во себе. Поминав низ сето тоа“.
Познатата актерка Ен Хатавеј го чека своето второ бебе, па пред извесно време реши јавно да го открие својот пат до бременоста, кој воопшто не бил лесен.
Познатата триесет и шестгодишна актерка си ја отвори душата и прозборе за борбата со неплодноста.
„Ми се чини дека имаме еднострано мислење за останување бремена“, рече Ен пред новинарите.
„Забременувате и во повеќето случаи тоа е многу среќен период. Меѓутоа, за оние кои се борат и се обидуваат да останат бремени, тоа не е баш вистинската приказна… или тоа е само дел од сето тоа. Освен тоа, сите чекори кои водат кон убавиот дел од приказната, тие се многу болни, изолирани и полни со сомнеж во себе. Поминав низ сето тоа“.
Актерката на ова алудираше уште кога преку фотографија на Инстаграм ја објави својата втора бременост.
„За сите оние кои се борат со неплодност и пеколот на зачнувањето, ве молам верувајте дека ниту една бременост не ми помина без проблеми. Ви испраќам голема љубов.
Ен рече дека зборува за своето патување затоа што е свесна колку можеш да се чувствуваш осамено кога се бориш со неплодност и кога слушаш како другите шират добри вести за бременоста.
Бев свесна за фактот дека мојата објава ќе направи некој друг осамен, па сакав да видат сестра во мене“.
Ова ќе биде второ дете на познатата актерка и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кој го има тригодишниот син Џонатан.
Се бореше со алкохолизам!
Актерката со раскошен талент и волшебна насмевка пред извесно време отворено проговори и за својот проблем со алкохолот во една американска емисија.
Познато е дека посетите во шоуто на познатата американска водителка Елен Деџенерис се исклучително емотивни. Понекогаш тие емоции ви носат солзи а понекогаш некои моменти се многу интимни и ’тешки’, како во случајот со шоуто во кое гостуваше познатата холивудска актерка Ен Хатавеј.
Ен пораснала пред филмска камера. Ја гледавме во тинејџерски комедии, од кои најпозната е „Дневникот на принцезата“, се до улогата на оскаровката во филмот „Сиромашни луѓе“.
Покрај успешната кариера таа ја најде и својата сродна душа, актерот и бизнисмен Адам Шулман, со кој во 2016 година го доби синот Џонатан.
Она што не го знаевме за Ен Хатавеј е дека има сериозен проблем со алкохолот. Актерката со раскошен талент никогаш не откривала детали од приватниот живот, но неодамна храбро решила да проговори за ова.
Таа откри дека до пред извесно време го имала тој проблем, но само еден момент ја натера да посака да ги промени животните навики од дното нагоре.
“Отидов во градинка и бев многу мамурна. Иако не возев, тоа воопшто не ми се допадна”, признала ѕвездата од филмот “Ѓаволот носи Прада”.