Кафе муабет

Подобро родителите да се разведат отколку децата да патат поради нив: Марија Шерифовиќ искрено за распадот на семејството

Разводот не влијаел трагично врз неа...

Фолк пејачката Верица Шерифовиќ мајката на Марија, во 1982 година се омажи за тапанарот Рајко Шерифовиќ, со кој две години подоцна ја добија ќерката која е плод на нивната љубов.

фото инстаграм/Верица Шерифовиќ

По многу несогласувања, во 2003 година дојде до развод, а целата јавност е запознаена со приказната дека Верица го исфрлила поранешниот сопруг од куќата во Крагуевац.

фото инстаграм/Верица Шерифовиќ

Во тоа време, таткото на Марија Шерифовиќ зборуваше лошо за неговото поранешно семејство, но работите се променија, а Рајко, кој сега е во лоша здравствена состојба мораше да биде сместен во дом, а сега е во добри односи со неговата ќерка која ги презела сите трошоци.

фото инстаграм/Марија Шерифовиќ м

Омилената пејачка на многумина во една прилика рече дека не можеме да ги бираме родителите, но дека не би ги менувала нејзините затоа што тие ја направиле таква каква што е денес.

фото инстаграм/Верица Шерифовиќ

– Би рекла дека нивните улоги се еднакви. Не можеме да ги избереме нашите родители. Дали би ги променила? Многу е веројатно дека не би, затоа што ако променам некого во таа врска веројатно би била обичен и досаден човек, а тоа не можам да го замислам. Затоа што сè што е досадно и обично никој не го памети. Клучната улога е што имав вакви родители. Нивната желба беше да почнам да се занимавам со оваа работа на 18 години, па таму некаде беше главната отскочна даска и нивната најголема поддршка – истакна пејачката.

фото инстаграм/Верица Шерифовиќ

Марија откри и дека не почувствувала голема траума поради разводот на родителите туку напротив според неа, тие требало да се разделат многу порано.

фото инстаграм/Марија Шерифовиќ

-Тој момент не ме погоди ниту ме интересираше, бидејќи таа година се преселив во Белград. Јас започнав свој живот и им реков да прават што сакаат. Тоа требало одамна да го направат, наместо да гледаме разни циркуси. Тоа е мојот единствен јавен апел до сите луѓе кои имаат деца. Подобро да им дадеме здрави и насмеани родители отколку пеколно детство во кое децата треба да преживеат што и да е поради нивните родители. Тоа е мојот став, не мора да значи дека е точен, туку е мој – изјави Марија.

фото инстаграм/Марија Шерифовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close