Кафе муабет
Погледнете во каков луксуз живеат Филип и Пријовиќ: Ова задоволство ги чинеше повеќе од половина милион евра
Подигнаа кредит...
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ уште пред да се венчаат купиле луксузна куќа на Бежаниска коса, а за тоа подигнале кредит од 500.000 евра.
Нивниот дом има дури четири спални соби, а имотот што го купиле Александра и Филип се наоѓа во близина на куќата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.
Посебен детал во дневната соба е белото пијано, украсено со фигури на бел ангел и бели цветови, а покрај Александра и Филип, во ова катче ужива и малиот Александар.
Пејачката постојано напоменува дека омилен дел од домот каде се релаксира со кафе е терасата, од каде се простира прекрасна глетка. Меѓутоа, кога станува збор за дворот, тој не се гледа од улица, па семејството има приватност додека ужива.
– Филип и Прија решија да подигнат кредит за луксузна вила, која чини околу половина милион евра. Сакале да живеат блиску до неговото семејство, па соседи им се Брена и Боба – рекол изворот и додал дека на Живојиновиќ им била важна и локацијата на новиот дом. Кога ја купиле куќата сакале да биде токму на Бежанијска коса бидејќи Филип е врзан за тој дел од градот. Од друга страна, тие се блиски со Брена и Боба, кои секогаш им доаѓаат на помош во чување на детето. Тие се многу приврзани, сакаат да патуваат заедно и да поминуваат празници, па сакаа така да остане.
– Само што ја купија куќата решија да ја уредат од подот до плафонот, па најмија декоратори. Ништо не сакаа да препуштат на случајноста – вели соговорникот.
ГАЛЕРИЈА:
Во продолжение ѕирнете во луксузот во кој ужива повој млад брачен пар. Иако многумина ги разведуваа сепак тие од ден во ден покажуваат дека се позаљубени од кога и да е.