Кафе муабет
ПЕТОК 13-ТИ ДЕНЕС се поклопува СО РЕТРОГРАДНИОТ МЕРКУР: Овие 3 знаци треба особено да внимаваат !
Ќе им се насмевне среќата...
Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв.
Иако тој ден има лоша репутација и се верува дека носи лоша среќа сепак овој месец, петок 13-ти се совпаѓа со ретроградниот Меркур во Јарец, што може да донесе тешкотии во комуникацијата и проблеми при донесувањето одлуки.
И покрај неговата лоша репутација, ѕвездените аспекти сугерираат дека овој ден ќе остане драг спомен за многумина, особено за луѓето родени во овие знаци, пишува Index.hr.
Близнаци
За вас овој ден ќе биде исполнет со љубов и нежност. Многумина ќе добијат можност да ги остварат своите соништа, особено кога се работи за љубовта или финансиите. Доколку сте отворени за промени и нови искуства, ќе забележите дека полека сè ќе си дојде на свое место.
Вага
Вашата самодоверба секој ден е се посилна, а во петок ќе биде на својот врв. Ќе имате многу причини да бидете задоволни и горди на себе. Многумина очекуваат возбудливи промени на полето на работата и љубовта.
Водолија
Петок 13-ти не само што нема да биде баксузен, туку може да се памети како еден од подобрите денови во месецот. Вашиот шарм, харизма и убедливост ќе блеснат силно. Почнете да размислувате за заработка од вашиот талент или за промена на работното место. Интимниот живот ветува возбудливи моменти.
Без разлика дали верувате во мистеријата на овој ден или не според народните верувања не треба да ги правите овие неколку работи:
– не отворајте чадор во затворен простор, бидејќи ќе имате лоша пресметка со семејството
– Внимавајте да не скршите огледало, бидејќи не само што ќе ве следат седум години лоша среќа, туку ако го скршите баш на овој ден несреќа ќе ве следи до крајот на животот!
– не свиркајте во домот, бидејќи тоа предизвикува лоши духови
– закачете потковица на вратата и тропнете во дрво!
Ако сепак моравте денес да излезете од дома:
– погрижете се црна мачка да не ви го прекрши патот!
– ако видите автомобил на погребално претпријатие, фатете се за некој метален предмет, да не види злото!