Кафе муабет

Пензионерка заради љубов се пресели да живее со младо момче од племе во Танзанија

Дали ќе успеат да докажат дека годините се само бројка

60 годишна жена од Калифорнија, се отселила од својот дом во САД, да живее 14. 500 километри далеку, кога се омажила за 30 години помлад припадник на племето Масаи.

Изјавила дека никогаш не била посреќна и покрај тоа што сите кои ја познаваат и кои слушнале за нејзиниот случај коментираат дека овој човек е со неа само за да добие „зелена карта“ за САД.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу среќната заљубена двојка

Дебора Бабу(60), од Сакраменто , Калифорнија, не очекувала дека ќе се заљуби, кога со својата ќерка Ројс(30) во Октомври 2017 година отишле на годишен одмор во Танзанија. Таа овде го запознала, сега веќе својот сопруг, 30 годишниот Саитоту Бабу.

Парот останал во контакт, Дебора отпатувала за Танзанија повторно во Декември и го прифатила предлогот за брак од Саитоту Бабу.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу

Откако направиле традиционална Масаи венчавка во 2018 година, парот имал законска венчавка во Јули 2022 година и се надева дека наскоро ќе направат голема Масаи прослава на која ќе присуствуваат повеќе членови на семејството и племенски членови.

Дебора, која сега го користи Масаи името Нашипаи и живее со својот сопруг и неговите родители во Убена, Танзанија, вели дека никогаш не била посреќна.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу

Но, покрај нејзината среќа, секојдневно се соочува со коментари од типот дали го посвоила, а нејзиниот сопруг се соочува со обвинувања дека е со неа само за да добие „зелена карта“ за САД, иако како што вели таа, тие воопшто не знаат колку Саитоту е незаинтересиран за заминување во САД.

Дебора и Саитоту се запознале додека таа и нејзината ќерка се шетале на плажа во Танзанија, кога наишле на две лица од племето Масаи кои продавале сувенири, од кои едниот бил нејзиниот сегашен сопруг. Иако таа немала пари за да купи сувенири ги замолила да се сликаат, од причина што никогаш порано не запознала членови на племе.

ФОТО: Принтскрин/ Саитоту Бабу

-Немавме пари за сувенири , но ги замолив да се сликаме зошто никогаш немам запознаено член од племето Масаи-рече таа.

-Сега кога ја гледам сликата, на неа изгледа како да сме веќе заљубени-додаде Дебора.

-Саитоту ме замоли да му ја испратам сликата, го зема мојот број и така останавме во контакт. Наредната вечер ни се придружи во прошетката што ја имав со ќерка ми-раскажува Дебора-пишува Дејли Меил.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу

Откако таа заминала од Танзанија тие продолжиле со контактот и развиле блиска врска, иако Дебора многу размислувала во однос на нивната разлика во годините.

-Бев среќна сама жена и не ми изгледаше во ред да развивам врска со 30 години помлад човек-објасни Дебора.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу танцува со племето Масаи

Продолжиле да контактираат секојдневно како пријатели, Саитоту секој ден и се јавувал на Дебора и разговарал со неа како сака да станат маж и жена.

-Откако се вратив во Калифорниа, бевме 12 часа временска разлика со Саитоту, но и покрај тоа тој наоѓаше начин да ми се јави секој ден. Дури и кога имаше проблеми со струјата и слично, наоѓаше начин-раскажува Дебора.

-Моите деца, ќерката Тифани(32) и синот Шерик(27) го запознаа Саитоту на Фејстајм и веднаш им се допадна и тие немаа никаков проблем околу разликата во годините помеѓу мене и Саитоту- додаде таа.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу

Откако децата ја охрабриле, таа одлетала за Танзанија во Декември 2017 година и ја прифатила неговата понуда за брак, кога клекнал на едно колено и ја побарал за жена.

Дебора која е полицајка во пензија објаснува дека никогаш не помислила дека ќе се заљуби во 30 години помлад човек и дека ќе се омажи за него, но за својот сопруг вели дека е најдобриот и најљубезниот човек што го запознала некогаш.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу со членови на племето Масаи

Саитоту во својата изјава вели:

-Кога прв пат за видов, како да видов ангел.

-Се смеевме заедно, се сликавме и ми го стопи срцето. Преубава е и добра и многу ме поддржува во се-додава тој.

-Да имам жена беше голем чекор за мене, но сум горд на својот брак-раскажува Саитоту.

-Многу ме повредуваа коментарите во однос на нашите години, но сега гледам дека има многу други парови кои се во иста ситуација и научив да не слушам што зборуваат луѓето. Годините се само бројка која нема да ме спречи да ја сакам и да се грижам за својата жена-вели тој.

Иако доаѓаат осуди и обвинувања од сите страни, овој пар смета дека ја живее својата вистинска љубовна приказна.

ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу
ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу
ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу
ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу
ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу
ФОТО: Принтскрин/Дебора Бабу и Саитоту Бабу

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close