Кафе муабет

Ослабе 80 килограми и денес изгледа како “БОМБА”: Во овој фустан Бојана изгледа неверојатно- еве зошто сите зборуваат за неа

Ја доведе линијата до совршенство...

Нејзината неодамнешна трансформација е едно од најголемите изненадувања на јавната сцена и еден од најголемите подвизи.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

– Наеднаш колегите и пријателите почнаа да ми велат дека сега сум „мачка“, но сепак ми е смешно. Веројатно сега сум попривлечена, што знам. Но, јас никогаш не го правам првиот потег на полето на љубовта, мислам дека мажите се ловци кои први треба да и пријдат на една девојка, иако гледам дека денес тоа е многу променето. Не знам дали немаат храброст или жените се само многу подоминантни. Исто така, ми велат дека сум „алфа женка“, дека доминирам каде и да се појавам и дека мажите можеби се плашат да ми пријдат. Еве една порака за нив – сепак е послатко кога момчето и приоѓа на девојка отколку обратно и не плашете се бидејќи обично оние кои се најдоминантни се всушност и најнежните. Во основа сме мачки – изјави неодамна Бојана за „Стори“.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бојана Стаменов единственото решение го пронајде во диетата која и помогна да ги надмине новите здравствени проблеми. Имено, таа од ден на ден станувала се понервозна, најчесто без причина, шеќерот во крвта и скокнал на 30, а видот и бил заматен и не гледала добро.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Првичната идеја на оваа „дебела жена“, како што самата се нарекува, била да оди на интервенција за намалување на желудникот, за што почнала да се подготвува.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бидејќи за операцијата морала да го контролира шеќерот и да ослабе, ја променила исхраната и почнала да вежба, а по четири месеци почнала да слабее. За краток период ослабела 30 килограми и сфатила дека намалувањето на желудникот е губење време и многу ризична работа.

фото/ Ata Images

Исхраната на Бојана Стаменов се состоеше од пилешко, јајца, риба, салата, овошје, сето тоа по однапред утврден режим, истовремено активно тренираше и разговараше со својот тренер дали во текот на денот била под стрес. Сето тоа заедно и помогнало да изгуби 70 килограми, со кои се пофалила со појавување на јавен настан. Речиси сите останаа без зборови кога ја видоа, а слично нешто се случи и неодамна на концертот на „Индекси“, каде поранешната „буцка“ блесна во виолетов фустан .

фото/ Ata Images

Сите беа воодушевени од изборот на Бојана, а пред се поради нејзиниот изглед и тоа што од минатиот пат ослабе уште најмалку 10 килограми, што е вкупно 80.

фото/ Ata Images

Пејачката пред некоја година искрено раскажа како се чувствува поради вишокот килограми. Срpската џез и блуз пејачка која ја претставуваше Србија на Евровизија во 2015 година, тогаш отворено проговори за проблемот со килограмите, и посебно за тоа со какви предрасуди се соочуваат дебелите луѓе.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

-Постои најстрашна дискриминација на дебелите луѓе. Во кафулињата ставаат столчиња со потпирачи за рацете, што сакаат, да им седнат само згодни риби, а ние убавите и паметните немамо право да пиеме кафе? Во авионите прават плитки седишта, дури и висок и дебел човек не можат да седат, изјави тогаш Бојана.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

-Дебелите жени имаат проблем да купат обичен градник, верувале или не, Ако си дебел, нема облекување по последна мода, бидејќи се што е за полни дами, доаѓа од Турција, па изгледаш како немажена баба-тетка која ја жали целото семејство.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Не можам да најдам ни адекватни обувки на високи потпетици, кои сакам да ги носам, изјави Бојана и додаде: За нас, обувките мора да бидат квалитетни, поцврсти, а јас сакам да бидат и стилски, рече Бојана за проблемите со кои се соочувала поради килограмите.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм
ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм
ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм
ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм
ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close