Кафе муабет
Омилените турски актери драстично слабееле поради оваа серија: Еве како изгледаа- строгата диета донесе резултати
Тие се еден од омилените парови...
Турските актери Халит Ергенч и Бергузар Корел на македонската публика и се допаднаа уште кога се појавија во улогите на Онур и Шехерезад во серијата „1.001 ноќ“ која кај нас се емитуваше во 2010 година.
Популарните турски актери во една прилика открија дека поради улога морале да бидат на диета, односно на посебен режим на исхрана.
Тие успеаја да ослабат за месец и половина за потребите на снимањето на серијата со внимателно испланирана диета.
Познато е дека овие актери со години се во хармоничен брак и дека во неколку наврати имале можност да соработуваат. Заедно можевме да ги видиме и во серијата „Ти си мојата татковина“ (Vatanım sensin) во 2016 година, каде што глумеа и вљубена двојка.
Халит Ергенч го глумеше Џевдет, додека негова сопруга и колешка беше убавата Азизе, а интересно е што мораа да се потрудат многу пред снимањето на серијата. Не само во глумата и во учење на текстот, туку мораа да држат и диета.
Вистината е дека тоа беше обврска само за Халит, но Бергузар реши да се солидаризира со него. Имено, актерот имал задача да глуми војник во грчко заробеништво за време на балканските војни, а за верно да го прикаже измачениот затвореник морал да се ослободи од вишокот килограми.
Во една прилика актерите открија дека диетата и планот за исхрана го направила Бергузар Корел, а по само месец и половина, наводно изгубиле доста од вишокот килограми: Халит 14 и неговата сопруга седум, и тоа додека биле на исцрпувачко целодневно снимање.
– Јадам сиров зеленчук и полупечено месо – рекол актерот, кој бил „воено дисциплиниран“.
– Од исхраната го исфрлив шеќерот, потоа храната со глутен, како и млечните производи – објасни тој. – Всушност, можам да кажам дека бев на диета без брза храна.
Како што тогаш пишуваа медиумите, Халит на снимање го носеше оброкот кој најчесто се состоеше од:
-ѓумбир
-зелени јаболка
-морков
-цвекло
-суров спанаќ
-целер
Актерот истакна дека често јадел супа од тиква и салата од киноа, а кога станува збор за пијалоци, обично пиел лимонада.
Што се однесува до слатките, актерот и актерката не се одрекоа од слатките закуски па јадеа десерт од нане, портокал, какао во прав и урми. озволени биле и солени закуски: бадеми и ленено семе или какао путер и крекери од бадеми.