Кафе муабет
Овој згоден политичар е новото момче на Емина Јаховиќ? ФОТО
Вели дека се само пријатели...
Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најатрактивните пејачки. Срцето одамна и го украде турскиот пејач Мустафа Сандал, на кого му роди два сина Јаман и Јавуз но за жал нивната љубов заврши со развод.
Иако важеа за еден од најхармоничните парови фановите беа изненадени кога парот ја соопшти веста за разводот.
По речиси десет години брак решија да стават точка и секој тргна по својот пат.
Емина не крие колку дава се од себе за да одржи и изгради здрава врска со поранешниот сопруг заради нивните наследници но за жал веќе неколку години се среќаваат само на суд, со оглед на тоа дека тој не го исполнува своите родителски обврски.
Мустафа веќе ја пронајде својата нова сродна душа и се ожени за младата Мелиса, но Емина не крие дека би сакала и таа да го запознае вистинскиот.
Таа имаше неколку краткотрајни романси по бракот, но како што самата неодамна изјави, кога во нејзиниот живот ќе влезе ново момче сака да биде сигурна дека тој е оној со кој ќе ги запознае синовите.
Изгледа дека вистинскиот конечно се појавил, и многу од обожавателите на Емина се посомневаа дека тоа е токму господинот со кој таа неодамна сподели заеднички фотографии. Сепак, кантавторката подоцна објасни дека тоа е еден од нејзините најблиски пријатели, Енес Бухиќ.
На една од сликите Емина го бакнува Енис, на другата силно го гушка, а сето тоа покрена шпекулации па двајцата се изјаснија дека тие се само пријатели.
Емина во една прилика јавно реши да прозбори за новиот брак на нејзиниот поранешен и сите написи кои се појавија во врска со неа.
Пејачката зборуваше за нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал и неговиот однос кон нивните деца.
„Многу се пишуваше за мене, повеќе во Турција. Мојот приватен живот беше посветен само на моите деца, а таму пишуваа дека сум била ваква онаква, и со овон и оној. Научив притисокот да го претворам во нешто креативно озборувања, криминални однесувања, како и убедувања и кога не знаеш нешто за некого тоа е пред се голем грев. Не велам дека ќе бидам лажга, но нема да имате право да ја знаете мојата вистина“, рече таа.
“Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Крив е Сатурн. Не значи дека никој не ми се додворува. Се случи на приватно поле мојот поранешен сопруг да се ожени, па јас мораше да бидам таа што ќе се посвети повеќе на децата.Навистина му посакувам многу среќа. Секогаш ќе биде мој пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забава децата ќе останеа запоставени. Кога ќе се заљубам знам да се лизнам малце па се контролирам. Сакам да им се посветам на децата. Останатото ќе си дојде природно.Чудно ми е што толку време траеше.Се надевам ќе најдам сродна душа“, заклучи таа во емисијата „Ексклузив“.