Брак
Оваа љубовна приказнарастажи многумина: Иако се тинејџери тие решија да се венчаат поради ЕДНА причина
Чејс и Сади Смит иако се тинејџери решија де се впуштат во брачните води
Чејс и Сади Смит иако се тинејџери решија де се впуштат во брачните води.
Причината за тоа е Јуинговиот сарком ретка и агресивна форма на раk која се појавила кај малдото момче.
Чејс Смит ги замоли своите родители да излезат од просторијата на болницата кога требаше да му ја соопштат веста. Сакаше да биде сам со својот лекар. Сакаше да зборува за животот, за својата иднина, за тоа колку му остана. Кон крајот на април, тој штотуку дознал дека туморите се вратиле и се рашириле по целото тело.
Му беше соопштена веста дека му остануваат уште неколку месеци од животот.
Чејс беше во срцето на Сади долго време, иако таа сè уште не го познаваше. На 13 години, семејството се шегуваше за тоа каков маж би земала еден ден. Сади е перфекционист и има високи стандарди.Почна да ги набројува своите барања: прекрасен, навистина паметен, навистина зрел, да ме третира како принцеза и супер спортист.
„И реков, Сади, треба малку да ги намалиш своите стандарди затоа што не сум сигурен дека некогаш ќе ја најдеш таа личност“, рече татко и. „Тогаш го запознав Чејс и реков Господе па таа го најде човекот каков што го бараше “.
Тие беа двајцата спортисти кои имаа сосема други планови, но болеста на Чејс се смени.Откако се решиле на овој чекор, во текот на следните денови, им кажале на родителите за своите планови и потоа продолжиле да ја планираат целата свадба. Родителите на Сади особено ја поддржале оваа нивна одлука и им помогнале во подготвките.Тие во врска биле 6 месеци.
Чејс и Сади се венчаа, а малдоженецот рече дека е бил избезумен кога ја видел својата сопруга во бел фустан.