Кафе муабет
Оваа убавица е ќерката на Ташко од првиот брак- еве како се согласуваат со Вики Миљковиќ!
Таа не крие дека Јелена е голема поддршка на синот Андреј...
Ќерката на Драган Ташковиќ Ташко од првиот брак, Јелена со години живее во Германија, каде минатата година основа и свое семејство.
Како што на неколку наврати изјавил нејзиниот татко за медиумите, со семејството во Германија, неговата гордост која по професија е економист, отворила етно ресторан, во кој се служат српски специјалитети.
Ташко откри и дека Вики му била поддршка, кога ја советувал и упатил Јелена да ги заврши студиите:
– Јелена уште од детството покажа дека е талентиран музичар, свиреше на хармоника и пијано, но реши да оди на Економски факултет. Желбата моја и на Виолета беше да го заврши факултетот и многу сум среќен што не послуша – изјави тој за медиумите.
Иако подолго време живее во странство, Јелена често ги посетува татко и и брат, а со маќеата Вики има прекрасен однос. За нив две „животот со маќеа не е лесен“ е само клише, а Вики никогаш не криела дека ќерката на Драган Ташковиќ, и е најголема помош кога станува збор за образованието на синот Андреј.
Вики никогаш не се двоумела да каже дека Јелена за неа е посебна:
– Јелена е прекрасна личност, полна со самодоверба, успешна и исклучително љубезна и драга – истакна во една прилика.
За потсетување, неодамна пејачката откри дека 2015 година била многу тешка за неа. Вики е во брак со Драган Ташковиќ со кого го има синот Андреј. Имено колку што е познато во јавноста на почетокот на нивната врска се противеле неговите родители затоа што тој веќе имаше еден брак пред Вики.
Сепак, тие се венчаа и го добија синот Андреј.
Вики постојано истакнуваше дека мајчинството за неа е најубавата улога. Таа паралелно уживаше во родителството и во успешната кариера, но во 2015 година започна вистински пекол за неа како мајка.
Вики која инаку малку зборува за својот приватен живот, сега си ја отвори душата и рече дека таа година била вистински пекол за неа, кога нејзиниот син Андреј се разболе.
Пејачката вели дека и денес сè уште не сака да се сеќава на тие тешки моменти низ кои помина додека не се опорави нејзиниот син.
На момчето му беше дијагностициран грч на мускул поради вирус кој „дивееше“ во телото на детето.
Сепак, Андреј за среќа се излечи и сега е здраво 13-годишно момче.
Тој избра сосема поинаков животен пат од родителите и се посвети на спортот.
– Андреј е опседнат со спорт. Тој игра тенис, а неодамна почна да оди и на турнири. Активно работи на својата физичка подготвеност, која сега му е во преден план – откри еднаш горда мајка, во интервју за „Ало!“.
Момчето веќе ги израдувало родителите со бројни медали, а мајка му се труди да му обезбеди што е можно подобри услови, за да не трпат училишните обврски.
– Школувањето и активностите на Андреј не смеат да настрадаат поради природата на мојата работа, која вклучува останување будна до доцна и чести патувања. Секое утро станувам пред седум за да му помогнам да се подготви. Кога тој оди на училиште, јас продолжувам да спијам или да ги завршам обврските.