Кафе муабет

Оваа одлука на Гоца и Раша ја воодушеви јавноста: По неуспешното петто ин витро оплодување, ова е следниот чекор!

Нов бизнис...

Јавноста е веќе запознаена дека познатата пејачка Гоца Тржан и нејзиниот сопруг долго време се обидуваат да добијат дете по пат на ин витро.

фото инстаграм/ гоца тржан

Кога Гоца Тржан (48) реши да го направи своето петто ин витро оплодување во март оваа година беше дочекана со поддршка од пошироката јавност: За жал, пејачката набрзо доби негативен резултат, кој потврди дека оплодувањето не било успешно.

Фото: Youtube Printscreen/K1 Televizija

Со сопругот Раша размислувала да посвои дете, но законот не е на нејзина страна.

фото инстаграм/ гоца тржан

‒ Старосната граница не ми дозволува да посвојам дете, а на паровите кои се занимаваат со оваа приказна им требаат најмалку две-три години за да ги соберат потребните документи. Само што разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ми кажа дека работи на забрзување на постапката. Јас и Раша решивме, ако немаме свое дете, да избереме некое дете на кое ќе му дадеме можност да се школува и да живее пристоен живот – искрено изјави Гоца неодамна за „Информер“.

фото инстаграм/ гоца тржан

Додека се надева на најдобрите вести за проширувањето на семејството, пејачката не седи со скрстени раце туку работи со полна пареа и се подготвува за нов бизнис.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

‒ Градиме студио кај нас во Бач, во куќата на родителите на Раша. Таму ќе направиме студио за снимање песни, кавери и слично. Ќе биде средено по мој вкус, а ние музичарите ќе имаме и простор каде што ќе можеме да „џемуваме“ и да свириме како што сакаме – откри Тржан за „Блиц“.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Со оглед на тоа што после неколку обиди со ин-витро не остана бремена, неодамна таа отворено коментираше на оваа тема.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

-Би се поштедила на тие теми бидејќи ми здосади да зборувам за тоа, изјави таа, па додаде:
– Имам 48 години и тоа би било во доменот на чудата. Ако не се случи, имам свое дете кое треба да го пораснам и да го однесам на прав пат. Има толку многу јавни личности кои го прават истото и не сакаат да зборуваат за тоа, па таа штафета ја оставам на некој друг, изјави Гоца.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

За кризата во бракот со четиринаесет години помладиот Радомир, таа рече:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Немавме критични моменти, иако моравме да водиме сериозни разговори. Сепак, немаше кризи. Не бевме на работ на развод или целосно отуѓување. Можевме да препознаеме кога нешто не е во ред, дека не сме тоа што бевме и дека е време да разговараме за да се вратиме еден кон друг, беше искрена пејачката.

фото инстаграм/ гоца тржан

Разликата во години е и причина за секакви шпекулации, но Гоца и Раша успешно се спротивставуваат на искушенијата и повторно докажуваат дека нивната љубов е посилна од се. Успехот на ин витро оплодување им е примарна цел и не се откажуваат од големата борба.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Овој хармоничен пар не се одѕива на негативните коментари, а како што тврди пејачката разликата во години не може да им наштети на нивната врска:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Не ми е гајле за другите луѓе и предрасудите. Луѓето кои ме познаваат мене и Раша знаат колку сме компактни и колку добро функционираме. Животот е премногу краток за да го живеам во страв од иднината… Сакам да го живеам мојот живот во потполност, бидејќи нема иднина, нема минато, постои само овој момент што го живееме сега – изјави Гоца во една прилика и додаде:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Ги живеам најубавите години од мојот живот, дури и да мислев во тој момент кога се сретнавме јас и Раша и да речев: „Еден ден ќе ја видиш таа разлика“, немаше да ги имам овие најубави 11 години во мојот живот. Дефинитивно ќе ја видите разликата, не ни кријам… Се шегуваме со тоа. Во суштина, ние неизмерно се сакаме и почитуваме, нашата врска и брак не се засноваат само на физичка привлечност. Еден ден ако сака да биде со помлада и поубава жена, не можам и нема да го задржам, бесмислено е, бидејќи и јас на 60 ќе му бидам пиленце на некој 80 годишен чичко, рече Гоца.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close