Кафе муабет
Ова се најнапорните луѓе според хороскопот: Бегајте од нив, ја “црпат” целата енергија!
Овие шест хороскопски знаци се најдосани...
Колку пати ви се случило да слушате некого како повторува едно исто постојано и колку ве исцрпува неговата приказна што ќе завршите целосно без енергија? За таквите луѓе со право може да се каже дека се најдосадните и најнапорните.
Астролозите тврдат дека припадниците на овие шест хороскопски знаци се токму такви…
1. Овен
Верувате дека живеете во безгрижен свет… Мислите дека секогаш сте во право, а всушност сте болно посесивни и лицемерни!
Родените во знакот Овен често знаат да бидат упорни, наметливи и вредни. Не се тие криви што се такви, едноставно тоа е дел од нивната природа. Сакаат да го наметнат своето мислење по секоја цена, а често се убедени дека најдобро знаат се. Освен тоа, често може да се слушне дека Овенот е многу лут и нема лесно да ви прости ако му замерите или приговарате.
Овенот делува како да не му е грижа за чувствата на другите.
2. Рак
И овој знак беше меѓу шесте „величествени“, не само поради неговата наметливост, туку и поради неговата непостојаност и немарност. Луѓето очекуваат припадниците на овој знак да бидат љубезни, фини и топли. Но, откако ќе ги запознаат, сфаќаат дека тоа не е така, само ги измамила мирната надворешност. Исто така, не се многу доверливи кога се работи за доверливи работи, па затоа внимавајте што ќе им кажете.
Живеат по принципот „кој чека ќе дочека“, а еднаш кога ќе дочекаат прилика за одмазда, се претвораат во вистински чудовишта.
3. Лав
Родените во знакот Лав имаат многу силен карактер, сакаат акција и мислат дека секогаш се во право. Кога нешто не им се допаѓа, тие имаат тенденција да се караат и да го наметнуваат своето мислење. Исто така, тие можат да бидат малку ограничени во размислувањето, па да ја „удават“ другата страна со своите „теории“, пишува 24sata.hr.
4. Вага
Ова се најмрзливите луѓе според хороскопот. Лажат и избегнуваат обврски, а исто така се и многу неодлучни.
Припадниците на овој знак често ја покриваат својата „вистинска“ страна со својот шарм. Меѓутоа, кога малку подобро ќе ги запознаете, брзо сфаќате дека се далеку од личноста која е добро да ја имате покрај себе. Вагите знаат да бидат многу себични и прават работи само за да добијат некаква корист. Често лажат за да се извлечат од непријатната ситуација во која се „нашле“. Вагите имаат тенденција да избегнуваат одговорност. Доколку не сакате да влезете во неволја, бидете внимателни со припадниците на овој хороскопски знак.
5. Водолија
Себични се до крајни граници. Мислат само на себе и никогаш не се откажуваат од вметувањето во туѓите живот. За сите несреќи ги обвинуваат другите, затоа што тие, секако, се совршени.
Водолијата сака да зборува. Нивните монолози можат да траат со часови, додека соговорникот чека да каже барем еден збор. Често се неодговорни, ветуваат нешто, но како што поминува времето ветувањето избледува, па дури и исчезнува. Кога некој не им се допаѓа, тие се способни да го игнорираат до бесвест. Меѓутоа, ако им паднете во очи, ќе се обидат да ве освојат, но и тоа понекогаш знае да биде површно.
6. Риба
Родените во знакот Риби често си играат со туѓите емоции. Со нив, никогаш не сте сигурни што правите. Тие не го прават тоа со предумисла или од злоба, туку „само доставаат вода на нивната воденица“. Дури и ако ви се случи да развиете некои чувства кон нив, не се предавајте целосно, бидејќи многу брзо ќе почнете да се сомневате во нивната искреност.
Рибите важат за идеалисти – и она најдоброто им се чини како просечно. Тие воглавно се песимисти – посебно кога работите не се одвиваат според она што го очекувале..