Кафе муабет
ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Погледнете зошто сите се потсмеваат на свадбената торта на Грашо и Хана!
Сите се изненадени од едноставноста...
Ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ и музичарот Петар Грашо беа критикувани за нивната свадбена торта, која многумина ја коментираа и која очигледно, не баш пријатно, ги изненади сите.
Хана и Петар се венчаа на 18 февруари во црквата Свети Франциско во Сплит, а по церемонијата младенците направија свадбена веселба.
Секако, свадбената торта е незаменлив дел од секоја свадба па иако сме навикнати на големи невообичаени торти обично на три спрата и посебно спектакуларна сепак тоа не беше случај на свадбата кај Хана и Грашо.
На социјалните мрежи кружи фотографија на која Грашо позира покрај свадбена торта, која според некои изгледа сосема обично. Тортата немаше повеќе катови, беше бела и украсена со скромен, бел шлаг.
Како што пишуваат хрватските медиуми, тортата изгледала скромно и едноставно, поради тоа што и двајцата се такви личности, скромни кои не сакаат да се експонираат и малку зборуваат за приватниот живот во јавноста.
Интересно е што Грашо немал само еден кум, туку двајца. Покрај кошаркарската легенда Дино Раѓа (54), кум беше и познатиот словенечки готвач Томаж Кавчиќ.
Хана, според она што можеше да се види беше едноставна и доследна на својот стил. Таа имаше една кума, но избрала и едноставна шминка, а се одлучи за прекрасна и уникатна, бела венчаница од сплитски дизајнер.
На свадбената прослава беа присутни многу фотографи и новинарски екипи, а Петар Грашо им се заблагодари.
– Ви благодарам од срце, изјавил Петар додека Хана влегувала во ресторанот.
Откако завршила црковната венчавка парот не ја тргнал насмеката од лицата:
– Се чувствувам како маж!, изјавил пресреќниот Петар.
За потсетување, хрватскиот пејач Петар Грашо беше во романтична љубовна врска повеќе од две децении со познатата пејачка Данијела Мартиновиќ, но Грашо се раздели од пејачката откако во неговиот живот влезе младата музичарка Хана Хулиќ.
Врската помеѓу Хана и Петар Грашо наиде на безброј лоши коментари, но откако објави дека парот ќе чека дете, тоа веќе стана минато.
И самиот Петар Грашо изјави дека е пресреќен што за прв пат ќе стане татко, и изјави дека е подготвен за таа улога и дека е среќен како никогаш до сега.