Кафе муабет

Ова никој не го очекуваше од неа: Сека Алексиќ за прв пат прозборе за односот со свекрвата- еве како се согласува со мајката на Вељко

Одлично се согласуваат...

Не е тајна дека семејството е нешто најсвето за пејачката Сека Алексиќ. Имено таа на неколку наврати зборуваше дека го обожава своето семејство и дека е максимално посветена на домашните обврски околу куќата и децата.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

Имено заедно со двата сина кои ги имаат, овој брачен пар живее во хармонија и среќа.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сепак, она што долго се дебатира е каков однос има Сека со свекрвата и мајката на Вељко, Виолета.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Иако многумина не би поверувале, оваа пејачка има прекрасен однос со родителите на Вељко, кои веќе подолго време живеат во Неготино, но често ги посетуваат, особено за големите празници, како што е Велигден, кој семејството го прослави заедно.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Ја викам мама, мајќичке, мајко… како кога – изјавила пејачката во една прилика и истакнала дека нејзината свекрва  е жена од која имала што да научи и дека многу се почитуваат.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Инаку пејачката не крие дека сака и трето дете, а бидејќи Јаков и Јован веќе пораснаа, не сака да чека и да прави поголема разлика меѓу нив.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Таа веќе некое време зборува за тоа. Претпоставувам дека тоа е моментот кога функционира мајчинскиот инстинкт, колку што знам. Првите два пати не биле лесни, но во консултација со лекарите го променила начинот на живот, исхраната и бременоста поминала добро. Од друга страна, таа е целосно убедена дека Божјата благодат ќе ја води низ третата бременост и не се плаши од ништо. Таа се консултирала со својот духовен отец и ја предала својата желба во Божјите раце, па повеќе не се грижи. Сека, инаку, целосно се промени, веќе не е жената што ја знаевте пред 10 години, длабоко е во верата и таму го најде својот мир и својата сила. Вељко ја поддржува во се, а и самиот сака тие да имаат семејство. Фала му на Бога, тие се во ситуација кога на децата можат да им дозволат убав живот, без падови, нејзината кариера убаво напредува, па сите се надеваат дека ќе добијат уште еден член на крајот на оваа или почетокот на следната година – откри неодамна близок извор на пејачката за Стар.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сека во неколку наврати зборуваше за борбата за потомство и долгото чекање да се оствари во улога на мајка.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сега кога ги доби синовите Јаков и Јован таа вели дека мајчинството е најголемиот дар кој го добила во животот и во улога на мајка најмногу ужива. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ седум години чекале да добијат дете и да се остварат во улога на родители а нивниот син Јаков дојде во вистинско време. Многудетното семејство отсекогаш било нејзин сон, а синот Јован бил следниот дел од нивниот семеен мозаик. Сека во една прилика откри дека би сакала да има пет деца со сопругот Вељко, а синовите и се најголема гордост.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

„Господ ќе не дарува со уште повеќе. Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата. Се надевам, со вера во Бог, дека Јаков и Јован ќе добијат повеќе браќа или сестри“, рече Сека, на која не и е грижа дали следниот член на семејството ќе биде повторно девојче или момче.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

“Им простив на луѓето пред децата. Не сакам да живеам во лоши и грди чувства. Им простувам на сите, но секогаш ги чувам блиску до мене луѓето кои се вистински пријатели, кои ме сакаат мене и моето семејство и обратно”, изјави пејачката за Блиц.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close