Кафе муабет

ОВА Е СИНОТ КОЈ СУЗАНА ГО ИМА ОД ПРВИОТ БРАК: Саша Поповиќ го призна и одгледа како свој- Еве како изгледа Даниел денес!

Поповиќ го смета Даниел за свој роден син...

Сузана Јовановиќ е една од најпознатите фолкерки на српската естрда која плени со својот глас и стас.

Пејачката од првиот брак го има синот Даниел, додека од вториот брак со директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, ја има ќерката Александра.

Сузана и Саша ги пораснаа своите деца на вистински пат, а пејачката имаше среќа да се сретне со Поповиќ, кој го прифати Даниел како свое дете.

– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.

На прашањето како се сложуваат Саша и Даниел, Сузана одговори:

– Зборот очув звучи навистина застрашувачки, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква. Сале има кажано за Даниел безброј пати дури и во негово присуство дека го чувствува како роден син. 

-“Како да е тој мој син, жал ми е што не сум неговиот вистински татко”. Тој е многу горд на него и работат заедно во студиото. Ако еден маж може да ве” купи ” во животот, тогаш тоа е кога тој ќе го прифати твоето дете од неговиот прв брак. Тоа беше подобро и од тоа да добиев седмица на лото. Тој воопшто не ги дели Александра и Даниел. Обајцата се наши деца.

На 17-годишна возраст, Сузана се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.

Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци отккао се породи и се врати во семејната куќа. За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.

– Даниел не сака да зборувам за неговиот вистински татко, тој не заслужи да биде споменат. Даниел порасна со Саша и мене, и неговиот вистински татко е Сале. Сè што научи, научи од него. Тој работи за нас во „Гранд“, во режија, како инженер за звук, и одлично се снајде. Срцето ми расте секој ден кога ќе слушнам дека луѓето го фалат, го направивме прекрасен човек и верувам дека еден ден ќе биде прекрасен сопруг – изјави Сузана пред неколку години.

фото фејсбук

Инаку Саша Поповиќ пред неколку години јавно призна дека до пред да се ожени со Сузана, бил лудо заљубен во Билјана Јевтиќ.

Директорот на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ и пејачката Снежана Јовановиќ во среќен брак се цели 22 години, а пред свадбата Саша бил мета на многу жени, поготово оние од јавната сцена.

Се зборува дека бил во врска со многу пејачки, но една од нив не успеал да ја освои. Станува збор. за Билјана Јевтиќ во која во 80-тите бил лудо вљубен во неа.

фото фејсбук

– Додека не се оженив со Сузана Јовановиќ бев заљубен во Билјана Јевтиќ. Каква риба беше таа! Покрај тоа што беше добра пејачка, била преубава и имала големи гради. Тоа секогаш ми се допаѓало кај неа.

Билјана Јевтиќ признала дека и било драго што му се допаѓала на Саша, но во нејзиното срце постои само еден маж, нејзиниот сопруг Александар Аца Илиќ.

– Убаво е кога некој е заљубен, но мојот сопруг е тој кој го освои моето срце. Никогаш не сум соработувала со Саша.

Имавме само една средба, кога покојната Рада Тодоровиќ ја носевме на концертот на Брена. Само што почнував со музиката и тогаш таа ми беше мојот идол. Тогаш прв пат го видов Саша.

Не знаев дека сум му се допаѓала, а поготово на тоа каков фраер беше. Тврдам дека е прекрасен човек и човек кон мене, но никогаш не го гледав на тој начин. Веднаш штом ја започнав кариерата во 1983 го запознав Александар и тогаш за мене беше завршена приказна со фраерите, раскажала Билјана.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close