Кафе муабет

ОВА Е НОВОТО МОМЧЕ НА БАРБАРА БОБАК?! По неколку дена од раскинувањето со Дарко Лазиќ, пејачката фатена со овој згоден маж!

Снимаше ново видео и песна...

Барбра Бобак во моментов важи за една од најбараните пејачки во регионот а пред неколку дена сними видео за нејзиниот нов сингл насловен „Double Mountain“.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Барбара ја скокотна фантазијата на обожавателите, па прва ги сподели фотографиите направени на сетот, а коментарите непрестано се редеа.

Она што многумина го забележуваат е фактот дека Барбара никогаш не изгледа подобро и дека е на одличен пат да се постави на самиот врв на поп-сцената. Дополнително интересно е тоа што таа самата го напишала текстот за оваа песна минатото лето, додека уживала на одморот во Египет.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Бобак го избрала најдоброто за својата публика, а се појавува и во провокативни изданија, но секогаш со граница на вкус.

Она што предизвика низа коментари е сцената во која на скутот на Барбара се најде атрактивен и згоден маж.

Да потсетиме, Барбара неодамна раскина со фолкерот Дарко Лазиќ, а изгледа одлично и оди без него, бидејќи работи со полна пареа.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Барбара на сетот зборуваше и за Дарко Лазиќ и нивното раскинување. На самиот почеток на снимањето за новинарите откри дали пати поради раскинувањето.


– Не мора да страдате поради раскинувањето кога нешто ќе се прекине на здрав начин, пријателски. Нема причина за тага и лоши емоции. Без разлика дали имате различни перцепции или различни амбиции, нашите патишта едноставно почнаа да се разминуваат во однос на љубовта. Подобро е вака отколку да беше измама или скандал – рекла Барбара која тврди дека венчавката никогаш не ја ни закажале иако ја планирале:

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Свадбата не ни беше закажана за да се откаже. Тоа беа планови за светла иднина, но тоа не се случи. Не е вистина дека Дарко го користев за напредување во кариерата. Се гледа кога со некого си порад корист, и кога сакате некого. Сè уште го сакам, како пријател и човек.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Пејачката одговори и на коментарите кои деновиве се читаат за нивното раскинување, и дека таа го искористила само поради популарност.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Не е точно дека го искористив за да се пробијам на сцената. Луѓето не се глупави, тие разбираат се. Ние луѓето од естрадата сме луѓе како и сите други. Веднаш се пишува дека најдов друг. Како сите да сме на сцената ку-рви. Не ми треба тоа сега. Со Дарко се уште комуницирам, имаме и закажано заеднички свирки. Луѓето не ангажираа заедно, но тоа е нормално. Бевме свршени, имавме планови.

фото инстаграм/Барбара Бобак

За нејзините родители истакна дека не и се мешаат во нејзиниот избор и дека максимално ја поддржуваат за секоја одлука.

фото инстаграм/Барбара Бобак

-Моите родители се секогаш на моја страна. Искрени се, чесни, максимално ме поддржуваат во сите животни избори. Никогаш не давале изјави, би ги замолила сите да не ги земаат моите родители во уста. На моите родители им е важно само тоа што сум среќна – откри Барбара на промоцијата на својата нова песна и на снимањето на спотот.Таа откри и дали Дарко користел наркотици додека бил во врска со неа.

фото инстаграм/Барбара Бобак

-Заедно пиевме, а кога се работи за наркотици, не сум јас таа која треба да ја прашате. Никогаш не го правеше тоа со мене, но не знам дали правел нешто зад мојот грб – вели таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close