Кафе муабет
Ова е најдобриот сопруг: Ако сте во брак со маж во овој хороскопски знак вие сте вистинска среќничка!
Како сопруг, Бикот ги има најдобрите квалитети од сите знаци во Зодијакот...
Секој човек има свои доблести и маани што го прават единствен, но експертите од областа на астрологијата сметаат дека позицијата на планетите и хороскопскиот знак влијаат на карактерот на личноста.
Затоа, според оваа наука, може да се издвои еден знак кој, ако го изберете за сопруг, никогаш нема да се покаете!
Како сопруг, Бикот ги има најдобрите квалитети од сите знаци во Зодијакот. Постојат некои описи на Бикот како неморален, меѓутоа, ова може да биде точно само со оглед на неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.
Бикот е нежен, добродушен и верен. Никогаш нема да ги занемари својот дом и семејството поради што било друго. Ова момче ги обожава својата сопруга и децата и се труди да им ги обезбеди најдобрите услови за живот, образование, облека и забава.
Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која е во подобра материјална и социјална положба од него, бидејќи тој е воден од амбицијата да успее и да се искачи во повисоките општествени кругови.
Венера му дава исклучително чувство за убавина, што придонесува Бикот секогаш да бара убава и згодна жена за себе. Тие сакаат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека обезбедуваат сè за нивната сопруга и децата. Откако ќе се ожени, тешко е да се разведе.
Тој е и многу посесивен па така што си е негово, негово си е!
Со мажот Бик ќе се чувстувате сакани.
Во љубовта тој е многу лојален на сопругата. И машките и женските претставници на овој знак ги привлекуваат убави луѓе и убави опкружувања. Физичката привлечност игра голема улога кај овој знак, пред да стапат во љубовна врска со некоја личност.
Тие се познати по својата бавност и промисленост поради кои никогаш не се откажуваат од својата цел, ниту од својата сакана. Иако тешко започнуваат и тргнуваат, кога еднаш ќе се одлучат, ништо нема да ги сопре.
Секогаш можете да се потпрете на нив поради својата упорност, рационалност и стабилност.