Кафе муабет

Ова е мајката на Златан Ибрахимовиќ: Немала среќа со мажите, но од оној кој го роди направи совршен маж!

Била строга мајка...

Еден од најдобрите светски фудбалери Златан Ибрахимовиќ е роден во 1981 година во Шведска, во семејство на иселеници од поранешна Југославија.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Неговиот татко Шефик е од Бјелина, а неговата мајка Јурка е од Задар.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Наводно, таткото се оженил за да добие шведски документи откри еднаш Златан, чии родители се развеле пред да наполни две години. Никогаш не се сложувале добро, а кога кавгите станувале почести, разводот бил неизбежен.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Иако со фудбалските вештини, но и со однесувањето надвор од теренот стана идол на помладите генерации, Златан никогаш не криел дека како дете бил проблематичен, крадел велосипеди и влегувал во разни „незгодни“ ситуации.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Од најраните денови бил немирен, што неговата строга мајка не го поднесувала. Така, кога паднал од покривот на градинката и се вратил дома со солзи и модар, очекувајќи прегратка и утеха, бил претепан од мајка му бидејќи се качувал на покривот.

фото архива

Јурка го извади од него најдоброто што можеше, а Златан порасна во многу добар човек. Неговата мајка Јурка не ја гледаме често во јавност, а со Златан е видена само неколку пати, иако редовно се гледаат и се дружат.

Иако немала среќа со мажите во љубовните врски, сепак од тој што го родила, направила одличен маж.
Зборовите на неговиот вујко Гојко Гравиќ, кого новинарите го пронајдоа во неговиот роден град во Хрватска, се можеби најдобар доказ за тоа во каков човек израснал Златан.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Нашите луѓе што живееја таму ми кажаа дека една госпоѓа, Швеѓанка, му давала на Златан сендвич или нешто слатко кога мајка му работела кај неа. И дека подоцна, кога се прославил, дошол на гости и и донел чек, никој не знае колку пари, но се претпоставува дека биле многу. Тој не ја заборави…

Прозборе за болеста на синот…

Koга ќе се спомене името на кој било фудбалер, а особено на оние од рангот на Златан Ибрахимовиќ, често може да се слушне коментарот: „Лесно им е“. Од една страна, факт е дека повеќето од нив водат удобен живот, но фудбалските ѕвезди не се изземени од грижите и проблемите што го мачат „целиот обичен свет“.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Во книгата „Јас сум Златан Ибрахимовиќ“, чиј автор е Давид Лагеркранц, најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, кој по потекло е од БиХ, зборуваше за својата блескава кариера, но и за тешкото детство, семејство, па дури и моментите кога сите пари во светот не би можеле да помогнат.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Со Макси се беше ново, а забележавме дека многу повраќа. Освен тоа, не се здебели, туку ослабел. Не знаевме зошто. Дали е тоа нормално? Цело време повраќаше, не ја знаевме причината. Ги повикав семејството, пријателите и сите ме тешеа дека не е ништо страшно, но јас не верував. Се обидував да се утешам – сведочеше Златан Ибрахимовиќ за тоа како неговата сопруга Хелена и тој веднаш по раѓањето на синот се соочиле со сознанието дека бебето е болно.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Целото тело ми се грчеше. Никогаш не сум се чувствувал вака, ниту блиску. До раѓањето на детето бев господин недопирлив. Можев да бидам лут и луд, можев да покажам секакви емоции. И се би можело да се реши доколку сте биле цврсти, упорни, но ова не било така. Тука бев немоќен, едноставно ништо не можев да направам. Макси од ден на ден стануваше се послаб, беше толку мал и сега навистина се забележуваше дека е коска и кожа. Изгледаше како животот да сака да го остави.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

Кога сопругата му ја соопштила лошата вест, дека на детето итно му е потребна операција на стомакот, Златан се подготвувал за важен натпревар.

– Не се сеќавам на патот до болницата. Се сеќавам само на болничките ходници и на мирисот. Истрчав и прашав само кадее, каде е, на крајот ме однесоа во големата сала каде што лежеше Макси во инкубаторот. Беше помал од кога било, како мала птица. Имаше цевки низ телото и носот. Како да ми го извадија срцето од градите.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Ве сакам двајцата. Ти си ми се, но не можам да го поднесам ова. Јави ми се што ти треба, и реков на Хелена и побегнав од таму…

За среќа операцијата била успешна.

фото Инстаграм/Златан Ибрахимовиќ

– Макси се уште има лузна. Тој се чувствува здрав како и сите деца на негова возраст и често се сеќавам на тој настан. Тоа ми дава подобар поглед на животот, искрено заклучи Златан Ибрахимовиќ, кој набрзо доби уште еден син, Винсент.

Фото: Инстаграм/ Хелена Сегер

Имено, со години наназад поранешната шведска манекенка, а денес маркетинг консултант, Хелена Сегер, има голема улога, а можеби и најважна во животот на еден од најпознатите фудбалери на светот.

Ибрахимовиќ никаде не оди без неа, а кога ќе го прашаат да прокоментира некоја друга жена, тој секогаш ќе каже: „Како тоа мислите друга жена. Јас сакам само една жена!“

Фото: Инстаграм/ Хелена Сегер

Тие се запознале кога Златан имал 21 години, а таа 32. Кога прв пат се сретнале, тој со своето Ферари го заградил нејзиниот Мерцедес, а како што таа вели, тогаш го забележала само неговиот нос и златниот часовник на раката.

Фото: Инстаграм/ Хелена Сегер

„Бев лошо расположена и му се развикав. Мислам дека тоа му се допадна“, изјави Хелена во едно од нејзините ретки интервјуа дадени за медиумите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close