Кафе муабет

Ова е мажот со кој Јелена Карлеуша се појави на прославата кај нејзината колешка- сите зборуваа за овој детаљ!

Јелена предизвика бура од коментари а тие двете заедно во комбинација направија вистински хаос...

Пред неколку дена пејачката Милица Павловиќ го прослави својот 30-ти роденден  направи журка за паметење.

Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но сепак се чини дека нејзината пријателка Јелена Карлеуша ја засени со специфичното издание во кое се појави. Јелена предизвика бура од коментари а тие двете заедно во комбинација направија вистински хаос.

Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, тие како колешки отсекогаш се поддржувале и со тек на време нивното пријателство станува се посилно.

Карлеуша тоа го потврди и со нејзиното присуство на роденденот на Милица во елитниот ресторан во Белград.

Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша

За оваа прилика, ЈК избра необичен комбинезон кој ги привлече погледите на присутните.
Имајќи предвид дека е позната како голем љубител на модата и како некој што сака да експериментира, Јелена за оваа прилика избра црн комбинезон со проѕирни детали, што во преден план ја истакна врвната фигура на пејачката. Целата комбинација ја комплетираше со мала црна чанта од Диор и црни сандали со високи потпетици.

За разлика од Карлеуша која носеше црно од глава до пети, славеничката беше облечена како Барбика.

Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ

Таа блескаше во розовото фустанче со светки, а на своите гости им приреди журка која долго време ќе се памти.

Огромната бела торта со розови детели, а на која катовите не можат ни да се избројат ги воодушеви сите. А кога дојде време за тортата, Милица го покажа својот талент за танцување и никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ

Но сепак она што многумина забележаа е дека Јелена Карлеуша се појави на прославата со човек кој не  е познат во јавноста.

Имено, таа во познатиот ресторан дојде со Марко Димитровиќ, нејзиниот братучед со кого пејачката е многу блиска.

Фото: ATA IMAGES

Како изгледаше Јелена и зошто ги собра сите погледи погледнете во галеријата подолу:

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено Јелена Карлеуша дефинитивно има многу причини за славење овој месец, бидејќи ова е месец на раѓањето на многу пријатели и соработници на пејачката.

Карлеуша прво присуствуваше на роденденската забава на  Милица Павловиќ, а судејќи по снимките и фотографиите, гостите добро се забавуваа.

Денеска е роденден на блискиот соработник и пријател на Карлеуша, Зоран Бирташевиќ, а во оваа прилика поп дивата му честиташе со посебна честитка.

Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– На мојот брат, пријател во најжестоките битки, пријател за цел живот, мојата чиста десетка на факултет и животот, рамо за плачење и најголеми успеси, среќен, најсреќен роденден. Ти благодарам што постоиш, мој Зоки, сите што те имаат во животот се среќни. Сега оди по нови победи со црвеното Ферари и не гледајте зад себе. Животот сега ти спрема најголема среќа и љубов. Што би рекла Ника: “Зоки не е пријател, Зоки е брат!” – рече Карлеуша во описот на фотографијата со Бирташевиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close