Бебе
ОВА БЕБЕ Е ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ: Родено 453 грама, конечно ја напушти болницата!
Малиот Расел е бебето херој кој ги изненади докторите
Расел е роден во 22-ра недела од беменоста а докторите се сомневаа дека ќе преживее.
Тој сепак докажа дека не се во право. Неговата борба за живот започна уште од самото раѓање.
Расел тежел само 453 грама и никој не верувал дека ќе преживее. Имено, доенчињата родени пред 23-тата недела имаат недоволно развиени бели дробови, што го отежнува функционирањето без помош на плацентата.
Расел добил жолтица и имал крварење во мозокот, а бил приклучен и на апарати за дишење.
Но сепак тој покажа дека е мал херој, и на 1 октомври, четири месеци по раѓањето, тој бил пуштен дома.
Мајката на Расел, Наташа Вилијамс се породи во болницата Тулан Лејксајд во Луизијана на 22 мај.
Бебето цели 133 дена беше сместено во одделот за неонатална интензивна нега, каде се бореше за својот живот.
Вилијамс останала пред да забремени со Расел, три пати била бремена, но ниту еден фетус немал срцеви реакции.
„Затоа не сакавме луѓето да се надеваат дека ќе добиеме бебе, дури и кога дознавме дека сум бремена со Расел“, рече таа за Good Morning America.
Сепак, неговото чукање на срцето беше силно. Проблемите се појавија во 15-та недела кога одеднаш и се отвори грлото на матката. Итна операција го спречила нејзиното предвремено породување, но таа сепак се породила на 20 мај, иако терминот и бил на 22 септември.
“Јас и сопругот плачевме и се молевме. Мојот водењак пукна во средата, а јас се породив во петокот”, се сеќава мајката.
Денес, тој има над осум килограми, а болничкиот персонал му подготви изненадување по повод неговото заминување.
Расел беше испратен дома со круна на главата во знак на победата.