Кафе муабет
ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СТОИ ПРЕД ВЛЕЗОТ: Никој не смее да влезе во ресторанот каде се жени синот на Сузана, кријат каде е Саша Поповиќ
Ќе присуствува пола естрада...
Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ денеска имаат гала прослава во ресторан во Белград, бидејќи нејзиниот постар син од првиот брак Даниел се жени со долгогодишната девојка Тијана.
Двајцата се запознале во „Гранд продукција“, каде тој работел како тонец а таа се уште е вработена како шминкерка.
Младенците веќе пристигнаа во ресторанот каде што ќе се слави, пренесува порталот Србија Данас.
Обезбедувањето ги затвори портите во дворот на ресторанот за новинарските екипи да не можат да се приближат до салата.
Обезбедувањето истакнало дека е забрането да даваат било какви информации за Саша Поповиќ и Сузана.
Поранешниот сопственик на „Гранд“ и пејачката претходно истакнаа дека ќе соберат половина од естрадата на свадбата на Даниел. Се очекуваат повеќе од 300 гости, најпопуларните пејачи.
Дека ќе биде луксузна и незаборавна свадба покажува и фактот што младенците и нивните родители се грижеле за секој детал.
Поради тоа што речиси сите пејачи биле зафатени за време на викендот семејствата решиле да направат забава во четврток.
Семејството Поповиќ го избрало најскапото мени, од 85 евра по човек, каде ќе има богата услуга. На гостите ќе им бидат послужени повеќе од 20 видови сирење, пршута, домашни производи, неколку видови месо, печени производи, морски плодови, прилагодена исхрана (веганска и вегетаријанска), како и најскапите вина и жестоки пијалоци.
Салата ќе биде уредена по нивна желба. Идните сопружници живеат заедно, а двете семејства добро се согласуваат.
Потсетуваме, Сузана неодамна во разговор со новинарите откри каков однос има со снаата Тијана и каков совет и дала:
-Таа е толку едноставна девојка што со неа никогаш немаше никаков проблем. Кога некој е скромен, едноставен и нормален, тогаш ништо не е тешко. Таа е многу вредна и внимателна, на почетокот и давав само совети во врска со Даниел, како да го направи тоа или не, но сето тоа се мали нешта. Како и секоја мајка, за доброто на децата и нивната среќа, затоа што ние сме најсреќни кога децата се среќни и кога добро се сложуваат.
– Им реков да поработат на тоа прашање (за дете), но тие млади имаат само некои обврски и чекаат да ги завршат. Им кажав дека додека кројат планови, тој горе им се смее. Им реков правете дете додека јас и Сале сме помлади да ви помогнеме а потоа што сака нека биде- заклучила пејачката.