MAMA
Новата Месечина од 16 октомври: Дури и најтемните ноќи честопати доведуваат до посветли утра
Енергијата на Вага исто така може да ја осветли вашата љубовна врска
Новата месечина е Супер Месечината на 16 октомври и поминува низ знакот на рамнотежата – Вага.
Вагата е знак на рамнотежа, правда и големи одлуки, а кога ќе се спои со новата Месечина, носи сосема уникатна и нова енергија.Супермесечината носи засилена месечинска енергија. Како кога ќе се појави светла искра на темно место, како млада месечина што ќе свети, така ќе се појави ново духовно будење во вашиот живот.
Сепак, оваа млада Месечина може да нè вознемири и да создаде некои проблеми или да донесе некоја болка на површината на нашето срце. Можно е да се чувствуваме малку тешко, збунето и летаргично.Енергијата на Вага исто така може да ја осветли вашата љубовна врска и да ни открие каде работите можат да бидат надвор од рамнотежа.
Ако премногу се грижевте за другите и се занемаривте – оваа млада Месечина може да ви помогне да се вратите на себе и да откриете некои нови хоризонти.Новата месечина нè повикува да се вратиме во себе, да се извлечеме од чувството на срам и вина.Ако имате проблеми во емотивните односи, почекајте да се смири прашината и потоа преземете нова стратегија.
Не чувствувајте дека треба да го правите сето ова еднократно, бидејќи оваа млада Месечина бара трпеливост, размислување и внатрешен мир.
Новите љубови, убавите познанства и дружењето со пријателите можат да ги ублажат непријатните чувства и негативните вибрации на ретроградни планети.Новата месечина секогаш сигнализира нови почетоци, но можеме да почувствуваме растечка збунетост за тоа како да одиме напред.
Вагите изгледаат самоуверено и слатко и се чини дека не можат да имат мани, но, како и сите ние, така мани имаат и личностите родени во овој хороскопски знак. Во случај да се загриживте, нема потреба, затоа што во Вагите нема ништо криминално, само тоа што ги сакате може да биде и слатко и чудно истовремено.
Вагите се родени такви и речиси секоја Вага има чудни навики. Само научете да не обрнувате внимание на тие навики или едноставно прифатете ги со хумор. Точно е дека Вагата е неодлучна речиси околу сите работи. Од мали до големи одлуки – за нив се’ е тешко!
Вагите мразат кавги и второто име им е компромис. Сакаат да направат мир во светот, а иако знаат дека тоа е невозможно, сепак, постојано се обидуваат да бидат во хармонија со луѓето кои ги опкружуваат. Без оглед на тоа колку Вагата е зафатена, нема начин да одбие ако нешто побарате од неа.
Тоа не значи дека секогаш е среќна поради ова, туку Вагата едноставно не знае да каже НЕ. Вагите се плашат некогаш да не пропуштат нешто, па без разлика на тоа колку се уморни, ќе отидат на некоја забава само за да не пропуштат важен настан.
Но, запаметете дека Вагите не се мрзливи и дека сакаат предизвици. Без оглед на тоа колку се среќни и задоволни со својот живот, секогаш ќе бараат начин да се подобрат себеси. Вагата и самата си поставува предизвици и се труди додека не постигне се’! Ах Ваги, колку е слатко, чудно, но и неверојатно да се има личност како вас!