Кафе муабет

Несекојдневно – запознајте ја жената што живее со 500 мачки и 12 кучиња. Некои од нив се слепи!

Се грижи за нив затоа што и таа некогаш била сираче

И покрај тоа што комшиите негодуваат и постојано се жалат, како и се поголемите финансиски трошоци, Марјам ал Балуши, пензионираната државна службеничка од Мускат во Оман не се откажува од своите – внимавајте добро – 480 мачки и 12 кучиња за кои се грижи секојдневно во својо0т дом.

„Сметам дека животните, посебно мачките и кучињата, се поверни од луѓето“, вели таа додека десетина мачки и кучиња се борат за нејзино внимание додека им дели награди на креветот во својот дом, пренесува АФП.

Фото: АФП/ NYpost

Марјам ал Балуши со своите миленици

Марјам ал Башури која како дете останала без своите родители, со текот на годините ја проширала својата менажерија.

Таа се идентификува со своите крзнени пријателчиња, од кои повеќето се спасени од тешкиот уличен живот.

Со помош на нејзините пријатели и големиот број следбеници што ги има на социјалната мрежа Инстаграм, Марјам ал – Балоуши месечно троши околу 6500 евра за храна и нега на своите штитеници, од кои 17 се слепи.

Фото: АФП/ NYpost

Една просторија во нејзината куќа е полна со кафези.

Животите можат слободно да се движат и преку целиот ден да влегуваат и излегуваат од кафезот.

Фото: АФП/ NYpost

Целата приказна започна во 2008 година која синот на Марјам купил мала персиска мачка.

„Како и многу мајки, не сакав да се грижам за неа, бидејќи наводно не сакав животни, а мојот син не се грижеше многу за мачката“ – изјави Марјам и додаде дека целата ситуација потполно се променила по две години кога во нејзиниот дом се појавила уште една мачка.

Фото: АФП/ NYpost

„Тогаш потполно и се посветив. Почнав да се грижам за неа веднаш, да ја хранам, бањам и да поминувам со неа многу време“.

Марјам со тек на време во целата населба стана позната како голем љубиталка на животни, па и мигрантите што заминувале почнале да ги оставаат своите миленици на скалите во нејзиниот дом.

Фото: АФП/ NYpost

Таа во 2014 ќе успее да собере пари и да куи нв дом, бидејчи претходно многумина се жалеле за нејзината „колекција“ која речиси секојдневно се зголемувала. Во новиот дом има многу повеќе место за своите потстанари, кои како пто вели таа самата, и помогнале да се соочи со депресија.

„Бев на мрачно место, од кое тие ме спасија“, вели Марјам

Таа додава дека ги сака овие животни за кои нема кој да се грижи и затоа што некогаш и таа самата била сираче.

Фото: АФП/ NYpost
Фото: АФП/ NYpost
Фото: АФП/ NYpost

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close