Кафе муабет
Неочекуван пресврт: Марина сакаше да се смири со Дарко, но доби “ладен туш”?
Сепак неможе да се изостави фактот дека ова беше поинаков роденден за малиот Алексеј, со оглед на тоа што неговите родители се разделија...
Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ неодамна открија дека повеќе не се заедно и дека ја раскинале свршувачката но пред извесно време го прославија вториот роденден на нивниот син Алексеј.
По тој повод се огласија и Марина и Дарко на своите профили на Инстаграм.
– Секој ден сум благодарна што дојде во мојот свет. Твојата насмевка и осмех се мелем за моето срце. Ти не донесе ништо друго освен среќа во мојот живот. Среќен роденден, синко. Мама те сака најмногу на светот – напиша Марина, а наскоро следеше и честитка од Дарко.
– Јас би го дал својот живот за тебе и ќе го издржам најлошото, ќе се борам додека сум таму за гордоста на мојот син нека среќата секогаш те следи, ќе ти го дадам моето срце. Среќен роденден сине – напиша тој.
Сепак неможе да се изостави фактот дека ова беше поинаков роденден за малиот Алексеј, со оглед на тоа што неговите родители се разделија.
Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ дефинитивно ставија крај на својата љубов и секој од нив сврте нова страница и започна ново животно поглавје. Сепак, синот Алексеј ќе остане врската што ќе ги поврзе засекогаш.
Токму по тој повод Дарко и Марина Гагиќ се сретнаа на роденденот на нивниот син.
Според извор за тамошните медиуми, Марина наводно била подготвена да му прости се на пејачот со која има син но сепак следувал ладен туш.
– Сè беше одлично организирано во игротека. Се гледа дека дадоа се од себе. Не знам кој беше задолжен, што всушност и не е толку важно, но изгледаше навистина убаво. Двајцата комуницираа нормално цело време, ако не знаевме што се случува, ќе помислиме дека се хармоничен брачен пар. Од нејзиното однесување можев да видам дека е подготвена да се смири со него. Претходно ни рече дека и пречат неговите чести излегувања, трошење. Така, таа го уценуваше неколку пати дека ако тоа не се промени, ќе го напушти. Очигледно, сфатила дека не може да смени некого кој има 30 и нешто години, па решила да попушти. Но, мислам дека му рече на својот сосед дека има нова девојка. Дека е уморен од стрес, нервоза, уцени. Тој сака да живее нормално, за да не мора да се правда постојано каде е и што прави. Кога станува збор за детето, тој е тука за него и Марина знае дека може да му се јави кога ќе посака, но тој вели дека повеќе не може да биде во заедницата со неа. Мислам дека очекуваше и бараше премногу од него – започнува изворот за „Свет“.
– Па, знаеше со кого создава семејство. Ако тој не се смени во првиот брак и по првото дете, зошто мислеше дека сега ќе с епромени. Да речеме дека беше женкар, неверен и не знам што друго. Можеше да бде во врска со него никој не и бранеше, но тој не е тип за брак па сега, како што велат, возот помина. Тој е во среќна врска и не знам што ќе стори за неа, бидејќи таа се надеваше дека ќе се смири со него до роденденот на Алексеј – вели неговиот пријател за горенаведениот медиум.