Кафе муабет
Неодамна прославија шест месеци љубов а сега Анастасија ја шокираше јавноста: Се разделува со фудбалерот поради ОВА!
Не сака кога и велат да избира...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна прослави шест месеци од врската со фудбалерот Немања Гудељ, а бидејќи тој поради професионалниот ангажман престојува во Севиља, ќерката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ се навикна на животот Србија- Шпанија.
Во родниот град доаѓа главно поради деловни обврски и да се види со семејството и пријателите, додека остатокот од времето го поминува со својот избраник во Севиља.
Сепак, иако е среќна покрај Немања, Анастасија признава дека никогаш не би ја запоставила својата музичка кариера и дека и е многу важно фудбалерот да ја поддржи во тоа, бидејќи никогаш не би се согласила да биде со маж кој би ja naтерал таа да избира меѓу него и работа.
„Доколку моето момче ме замоли да изберам помеѓу кариера и љубов, во тој момент би знаелa дека не сум со вистинската личност, бидејќи личноста која ме сака знае колку ја сакам мојата работа и никогаш не би ме принудила да изберам. Во таа ситуација секогаш би избрала работа“, изјави Анастасија за „Блиц“.
Инаку, пејачката неодамна зборуваше за заедничкиот живот со Гудељ, не криејќи колку е среќна.
„Па, нашата врска не е на далечина. Јас често сум во Шпанија, како што можете да видите од моите профили на социјалните мрежи. Во Србија доаѓам кога имам деловни обврски, тоа е секако мојот приоритет сега. Кога имам нешто овде, тогаш морам да се вратам. Штом ќе завршам со обврските во Србија одам во Шпанија. Не знам кога официјално преминува во заеднички живот. Јас сум таму со него, јас и Немања живееме во истата куќа во Шпанија.Наречете ја како сакате, но јас живеам таму кога сум таму“, изјави неодамна таа и додаде дека нејзината љубов секогаш е на прво место:
„За мене љубовта е најважна работа на светот, таа секогаш ми е приоритет, кон семејството, пријателите, партнерот. Се што е убаво доаѓа од љубовта, рече Анастасија.
Прославија шест месеци љубов
Анастасија половина година ужива во љубовна врска со фудбалерот Немања Гудељ.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил ја покажа својата романтична страна и објави неколку спомени со Гудељ, меѓу кои и заедничка фотографија од нивниот одмор во Ибица кој беше подарок од него за нејзиниот роденден.
Ражнатовиќ по повод шест месеци од љуовната врска доби голем букет рози со специјална порака, а сега реши да ја објави јавно фотографијата на која се гледа подарокот и ги воодушеви своите следбеници.
„Те сакам“, беше испишано со белите рози во букетот, а нема сомнеж дека пејачката ужива во новата врска.
Тие веќе некое време уживаат во љубовта, а дека имаат големи планови за иднината покажува и фактот што сакаат да започнат заеднички живот.
Колку таа го поддржува фудбалерот сведочи и нејзиниот наводен договор да се пресели со фудбалерот во Турција, каде српскиот репрезентативец доби одлична понуда.
Без разлика дали станува збор за Белград, Севиља, Ибица или некоја друга дестинација, заљубената двојка ужива во секој заеднички момент.