Кафе муабет

Немаат што да јадат ниту каде да готват- Снежана Савиќ прозборе за ќерката Анита и откри неколку тајни!

Савиќ истакна дека во овој период работи многу и нема време за дружење со внучето...

Актерката Снежана Савиќ проговори за својата ќерка Анита Лазиќ која и ја подари внуката Нина, но и прв пат реши да каже нешто и за нејзиниот емотивен партнер.

Фото Фејсбук/Снежана Савиќ
фото Фејсбук/Снежана Савиќ

На прашањето што најмногу ја загрижува кога се во прашање Анита и нејзината миленичка, Снежана за „Стори“ изјави:

Фото Инстаграм/Анита Савиќ

– Најголема грижа ми е што ќе јадат. Еве, сега им правам сарма и ќе им ја однесам за да ручаат. Сè уште ја немаат добиено новата кујна и немаат на што да готват, но и без разлика на тоа сакам да ги поштедам за да не мора да поминуваат време покрај шпоретот или да се хранат со брза храна и нездраво. Колку што можам, тука сум да им помогнам. Не сакам кога во продавниците гледам таканаречено неопходно зло. Без да се навредуваат сите оние луѓе кои го подготвуваат, туку младите мора да се хранат здраво и да јадат што повеќе домашна храна. Анита често знае да ми каже: „Боже, мамо, не се замарај, па ќе купам нешто овде“, но се плашам од сите тие опасности што демнат од страна, тие заситени масти и слично.

Фото Инстаграм/Анита Савиќ
Фото Инстаграм/Анита Савиќ

Савиќ истакна дека во овој период работи многу и нема време за дружење со внучето.

– Точно е дека работам многу. Едвај наоѓав време да го носам внучето на омилените колачи порано,  но таа сега е големо девојче, сега е петто одделение и знае дека ја сакам најмногу на светот – истакна актерката, а потоа се осврна на повремени кавги со нејзината внука.

Snežana Savić, Foto: Dragan Kadić
Фото Фејсбук/Снежана Савиќ

– Дури и кога сме заедно, таа е секогаш на тие игри, што ме нервира, па се расправаме (се смее). Тешко е да се одвојат од овие современи предизвици. Се разбирам, не сум толку старомодна, гледам дека е императив, но жал ми е за овие деца кои целото време го поминуваат виртуелно…

Иако приватниот живот на Снежана Савиќ отсекогаш бил мистерија за јавноста сепак познато е дека актерката некогаш беше во брак со режисерот Драгослав Лазиќ а токму од таа љубов, во 1980 година, се роди нивната ќерка Анита.

фото архива
фото Фејсбук/Снежана Савиќ

Анита Лазиќ дипломирала на Факултетот за политички науки, а сепак, како ќерка на познати родители, таа се испроба и во актерството. По неколку значајни улоги во сериите “Seljaci” и “Zvezdara” ќерката на Снежана Савиќ денес успешно се занимава со новинарство.

Фото Инстаграм/Анита Савиќ

За потсетување, таткото на Анита, Драгослав е во брак со 30-години помладата актерка, Драгана Туркаљ. Со неа, на 76-годишна возраст, тој доби близнаци, ќерката Искра и синот Лазар.

Драгослав и Драгана се венчаа во Корачица, во куќата на нивниот кум, славниот актер Велимир – Бата Живојиновиќ.

Инаку и Снежна Савиќ, актерката која иако има 66 години се уште важи за една од најубавите жени на Балканот, неодамна откри дека е во врска со маж кој не се занимава со јавна професија и со кој е во нежна и стабилна врска.

фото Фејсбук/Снежана Савиќ
фото Фејсбук/Снежана Савиќ

Актерката откри дека не сакала да се премажи по втор пат но дека и нејзиниот партнер го дели истото мислење.

– Тој е еден од оние кои не се женат, а јас не би се омажила повторно. За што ми треба тоа на оваа возраст? Имам уреден живот, никому не полагам сметки, а во брак би било: „Каде отиде, кога дојде, со кој отиде“ – изјавила Снежана за споменатиот магазин.

Фото Фејсбук/Снежана Савиќ
фото Фејсбук/Снежана Савиќ

За потсетување, Снежана Савиќ важи за една од најубавите дами од поранешните југословенски простори, која во осумдесеттите никого на остави рамнодушен играјќи ја улогата на Нина, во филмот „Што е со тебе, Нина“, а во некои сцени е гола и изгледа неверојатно секси.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close