Кафе муабет
Нема повеќе криење: Оваа фотографија покажува како Анастасија и Немања се согласуваат по расправијата со неговата мајка
Тие се заљубени како првиот ден...
Во медиумите на големо се шушка за нарушените односи меѓу Анастасија Ражнатовиќ и мајката и сестрата на нејзиното момче Немања Гудељ.
Тоа што Анастасија не е во добри односи со семејството на своето момче фудбалер е тема која ја тресе јавноста веќе подолго време, а имајќи предвид дека мајката на Немања Гудељ, Оливера, како и сестрата Вања, беа оние кои први решија да го направат големиот чекор да ја отследат наследничката на Цеца од „Инстаграм“, според мислењето на многумина, токму тие создадоа раздор во оваа врска што можеше да биде идилична.
Причината поради која Оливера и Вања не сакаат никаков контакт со Таша до ден-денес е непозната, бидејќи никој од нив јавно не објави ништо на таа тема, но се повидливо е непријателството меѓу нив.
За тоа придонесоа многубројните постови, додуша двосмислени, кои мајката на Немања Гудељ често ги објавува на „Инстаграм“, што, меѓу другото, придонесе и за шпекулации како и за тоа дека секој си дава право на свој начин да си ја толкува врската.
Конфликтот како да дојде преку ноќ, а иако на почетокот се беше во ред и бевме сведоци дека ќерката на Цеца одлично се вклопи во семејството Гудељ, се погласни се гласините дека несогласувањата меѓу неа и мајката на нејзиното момче се несовладливи. Според пишувањата на медиумите, Таша со сите сили се обидела да ја среди ситуацијата, па дури и разговарала со своето момче на оваа тема, но мајката на Немања останала тврдоглава во намерата со своето однесување да ја расипе среќата на младиот заљубен пар.
Она што е чудно е што на почетокот на врската на Анастасија и Немања, тие две беа исклучително блиски.
Она што е сигурно – Анастасија е таа која е во право во оваа ситуација и која прави се за да балансира помеѓу незгодната свекрва и нејзината посветеност на Немања.
Но она што е сигурно е тоа дека Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во својата љубов, иако фудбалерот не живее во Србија, поради што пејачката често е на релација Белград-Шпанија.
Имено, Анастасија моментално престојува во Шпанија со својот избраник, а судејќи по социјалните мрежи, парот никогаш не бил позаљубен.
На последната фотографија која беше објавена од Немаља Гудељ, пејачката и фудбалерот се прегрнати и насмеани покрај морето.
Анастасија, како и нејзиниот партнер, носеше црна тренерка, која ја искомбинира со сив дуксер и патики, додека скапата чанта која ја носеше на рамо ги привлече сите погледи.
Ражнатовиќ на фотографијата носи скапи очила од познат светски бренд, а сите го фалат нејзиниот природен изглед, со оглед на тоа што пејачката е без трошка шминка.