Кафе муабет
Нема да ја препознаете – еве како изгледала снаата на Брена на почетокот на кариерата!
Пејачката драстично се промени...
Александра Пријовиќ важи за една од најатрактивните пејачки во регионот. Нејзините фанови се сведоци дека пејачката од почетокот на нејзината кариера па до сега драстично се промени.
Од почетокот на нејзината кариера, кога имаше само шеснаесет години има направено неколку естетски корекции.
Деновиве на социјалните мрежи кружи видео во кое Александра Пријовиќ и се претставува на публиката пред втората сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во која учествуваше. Скромната седумнаесетгодишна девојка која имала верба во себе дека ќе успее го оствари својот сон. Девет години подоцна стана една од најуспешните пејачки на својата генерација и драстично го промени изгледот и држењето на телото.
Несигурната девојка од видеото денес е атрактивна млада жена полна со самодоверба. Изгледот на Александра Пријовиќ се менуваше со годините, исто како и нејзината личност, па денес важи за една од најубавите жени на јавната сцена.
Од времето кога ја започна кариерата, таа го промени стилот, бојата на косата, стилот на шминкање и денес изгледа беспрекорно.
Инаку денес пејачката Александра Пријовиќ ужива во хармоничен брак со Филип Живојиновиќ, а нивната врска уште од самиот почеток ја заинтригира јавноста, па често се шпекулира и дека се разведуваат или дека има несогласувања меѓу нив.
Пејачката реши да ги прокоментира и насловите кои во последно време се појавуваат во медиумте а целата ситуација ја подгреа службеното патување на Филип во Америка.
– Многу пати ме разведуваа. Само што почнавме да се забавуваме, пишуваа дека сме се свршиле, не знам уште колку пати, не ли беше доволно? – рече Александра.
Имено Пријовиќ тргна по патот на Лепа Брена, но и на многу други колешки, кои се испробаа во актерството, па може да се пофали со улога во серијата „Убијците на мојот татко“.
– Навистина беше прекрасно искуство, иако не бев за тоа бидејќи никогаш не глумев, но ме убедија да пробам. Го направив тоа, но сега не би прифатила бидејќи не сум актерка, а интересно беше научив доста работи, вели таа.
Во последното интервју за „Телевизија Курир“ пејачката откри интересни детали од бракот.
Познато е дека мажите не сакаат да се мешаат во женската гардероба, но и љубоморни се кога жената ќе облече малку пократко здолниште, но Пријовиќ рече дека кај Филип е сосема поинаку:
– Воодушевен е кога ме гледа вака, ми вели дека изгледам одлично. Морам да го прашам за се и што и како мисли бидејки неговото мислење ми значи многу. Така е и вечерва. Мислам, штом го видов материјалот на фустанот, го прашав што мисли за тоа, така што неговото мислење секогаш ми значи, а посебно ми значи кога ќе ми каже дека изгледам одлично – рече Александра и ги шокираше сите.
Убавата пејачка поголемиот дел од слободното време го поминува со својот син, кој редовно оди во градинка, а како што одамна откри дека не знае да готви, сега посочи дека ништо не се променило на тоа поле.