Кафе муабет
Нема да верувате што ги поврзува Сања Кужет и Златан Ибрахимовиќ? (ВИДЕО)
Сања заигра на песната на Нада а целата кореографија и движења беа придружени со занесен фустан кој ги истакна нејзините атрибути...
Иако пред само еден месец популарната водителка на “Ѕвездите на Гранд”, Сања Кужет ја полуде публиката со специјалната кореографија за рок песната „Прво утро“ на Исак Шабановиќ, сега покажа дека и на фолк игра повеќе од фантастично.
Сања заигра на песната на Нада а целата кореографија и движења беа придружени со занесен фустан кој ги истакна нејзините атрибути.
Камерите на Гранд забележаа како атрактивната водителка со сиот глас го пее познатиот хит кој е миленик на најдобриот стрелец на Милан, Златан Ибрахимовиќ и на кој Нада Топчагиќ неодамна му го отпеа во живо на неговиот јубилеен роденден.
А, на видеото подолу можете да видите како познатиот хит ја фрли во транс убавата Сања.
Од првите бакнежи поминаа 10 години!
Инаку за убавината на Сања Кужет не посто сомнеж водителката често успева да ги засени големите ѕвезди со кои е на сцената.
Таа важи за една од најубавите водителки во регионот и е едно од омилените ТВ лица! Секогаш насмеана Сања е позната по својата природна убавина и витка линија, а познато е дека е среќно мажена и има две деца.
Кужет со години ужива со Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија. Парот го има синот Страхиња, додека Сања од претходниот брак со бизнисменот Зоран Пајпер го има и синот Андрија, кој со нетрпение чекал мајка му да му подари помлад брат.
Сања еднаш изјави дека љубовната приказна со нејзиниот сегашен избраник не е типична и дека всушност започнала многу порано отколку што претпоставувавме …
– Една информација која не и е позната на јавноста е дека на почетокот на дваесетите јас и Немања бевме во емотивна врска. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, го прескокнавме тоа запознавање и вовед – изјави убавата Сања.
Сања и Немања, инаку, не се во брак, а Сања смета дека тоа не е потребно за семејна хармонија.
– Кај нас бирократијата е инаку комплицирана, па тоа е уште еден документ што може дополнително да одолговлекува се. „Хартијата“ не ни менува ништо, откако ќе поминете низ сето ова, сфаќате дека бракот не е пресуден за среќата. Мислам дека децата се најголемото богатство и она што дополнително ме поврзува Немања и мене се токму тие и тоа е најважно во овој момент – изјавила во една прилика.