Кафе муабет

НЕ СЕ НАДЕВАВ ДЕКА ЌЕ ЗАВРШИМЕ СО БРАК НО ЉУБОВТА ГИ РУШИ СИТЕ ГРАНИЦИ – Евгенија искрено за бракот со доктор Вело Маркоски

Еве во што се состои тајната на успешен брак...

Поранешната манекенка Евгенија Марковска е во брак со познатиот инфектолог – доктор Вело Марковски.

        Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

Брачната двојка уште на почетокот од нивната врска е топ тема во македонската јавност, а најголема причина за тоа е разликата во нивните години, која за нив не претставувала никаква пречка.

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

Таа и денес е доста активна на социјалните мрежи каде ужива да постира фотографии на кои изгледа совршено и згодно и покрај двете  родени деца.

„На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете. Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене“, вели ексклузивно за Женски магазин, Евгенија Марковска.

 

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

Нивната врска започнала во 2014 година, а во 2017 година го добија првиот син и стапија во брак.

Недолични коментари имаше уште од почетокот кога се дозна за нашиот брак и сѐ уште има. Не ме повредува никој од тие коментари затоа што никогаш не ми било важно што ќе кажат другите. Мислам дека не е во ред да навредуваш некој што не го познаваш само затоа што мислиш дека не се вколопува во она што сите го прават, вели Евгенија за Женски Магазин

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

Евгенија откри дека Вело и помага во домашните обврски, сака да ги заспива децата и да поминува времето со нив, но и одлично се снаоѓа во кујна.

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

Двајцата се пример дека љубовта нема граници и доколку постои љубов и почит годините воопшто не се пречка.

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

На прашањето каков татко е Вело, Евгенија во една пригода за Гламур магазин изјави:

Најдобриот татко! Сака да ги разгалува децата, но знае и да ги искара. Исто како мене и него не му пречи кога детето растура по дома, имаше период кога синот сакаше да црта по ѕидовите и тоа беше во ред, не му забрануваше. Многу е грижлив. Сака да им пее на децата. Добар пример е за нив, а синот веќе и се гледа како него па сака да го имитира и да игра игри во кои тој е професор или доктор. Чека да порасне синот уште малку за да може да го учи тенис.

 

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

„За една врска да функционира мислам дека е најважно да си одговараат карактерите. Ја почнавме врската без никакви очекувања, но колку повеќе време поминувавме заедно станувавме се поблиски. Денес после 8 години поминати заедно и две дечиња во односот помеѓу нас не е ништо променето. Доколку имаме некој проблем секогаш со разговор го решаваме. Тој ми е најголемата подршка, но и најголем критичар. Знае секогаш да даде комплимент, но и да биде искрен доколку нешто не му се допаѓа. Верува во мене и тоа е најважно за една врска или брак да функционира“, заклучува Евгенија..

 

 

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

  Фото:Инстаграм/Евгенија Марковска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close