Бременост
Не беа во добри односи долги години а сега проговори јавно за бременоста на неговата ќерка- еве што кажа таткото на Ријана за веста дека ќе стане дедо!
Бил пресреќен кога дознал...
Роналд Фенти, таткото на Ријана, проговори откако пејачката потврди дека чека бебе со нејзиното момче Роки.
Роналд истакна дека е многу задоволен од веста.
– Воодушевен сум. Скокнав од радост! Ријана секогаш велеше дека сака деца. Таа секогаш се грижи за децата на нејзините братучеди… Ќе биде добра мајка, изјавил тој за Page Six.
Роналд го запозна момчето на неговата ќерка во декември 2020 година, кога пејачката го донесе на нејзиниот роден остров на Карибите. Роналд тогаш го нарече Роки „многу кул човек“.
Инаку, Ријана и нејзиниот татко со години имаат проблематична врска. Минатиот септември пејачката се откажа од тужбата што ја поднесе против нејзиниот татко.
Таа го обвини дека го злоупотребил нејзиното име во корист на сопствената фирма, но се верува дека случајот го решиле надвор од судот.
За потсетување, Ријана е од Барбадос а својата слава ја стекна во 2005 година кога го издаде нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успеа да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 (албум табела) и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“.
Таа сега е во центарот на медиумите по веста дека е бремена и го чека своето прво дете со нејзиното момче Роки.
Двојката беше фотографирана за време на викендот во Њујорк, каде Ријана го покажа трудничкиот стомак облечена во долга розова јакна.
Преголемата јакна беше откопчана на дното за да го открие нејзиниот труднички стомак украсен со долг ѓердан со златен крст и шарени скапоцени камења.
На една од фотографиите, направена во Харлем, каде што порасна Роки, раперот ја бакнува својата идна сопруга во чело додека ужива во прошетка на снег.
Уште во мај, Роки зборуваше за неговата романса со Ријана, нарекувајќи ја „љубовта на неговиот живот“.
33-годишниот рапер исто така рече дека основањето семејство е дел од неговата судбина.
„Мислам дека би бил неверојатен, извонредно фантастичен татко“, рече ASAP во таа прилика.
Како и раперот, Ријана претходно зборуваше за планирањето на семејството, велејќи за британскиот Вог во март 2020 година дека животот е навистина краток“ и дека нашла нов пристап кон животот без глупости.
Двојката е во врска од 2020 година, а шпекулациите за нивната врска беа потврдени откако пејачката раскина со нејзиното тогашно момче, милијардерот Хасан Џамел, во јануари 2020 година.