Бебе

Ова се најоригиналните машки и женски имиња што не се користат премногу често

Можеби не ви се непознати, но не се толку чести

Покрај традиционалните и популарните имиња, многу родители за своите деца сакаат да изберат име кое не се користи премногу често.

Во продолжение ќе го видите нашиот избор од најоригиналните имиња кои можеби не ви се непознати, но секако не се чести.

Женски имиња

Алегра – од шпанскиот збор „алегра“ што значи среќен и весел

Естер – во стариот персиски јазик ова име значело „ѕвезда“

Артемија – верзија на Артемида од античката митологија, сестрата на Аполон и божица на месечината и заштитничка на девојките

Геа –од грчкиот збор „геа“ што значи земја

Ливиа или Ливија – ова име е верзија од популарното англосаксонско име Оливија кое се поврзува со маслиновата гранка, симболот на мирот

Машки имиња

Тибор – во старите словенски јазици овој збор означувал „Свето место’

Виго – скандинавско име што значи „посебен“

Оскар – име од ирско потекло кое настанало со спојување на галските зборови „ос“ и „цар“, а значи драг пријател.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close