Кафе муабет
Нашата позната пејачка се разведува по седум години складен брак – ова се деталите!
Јас сум издржала секаков притисок, но децата мора да ми останат заштитени...
Пејачката Тамара Тодевска постојано е под будно око на јавноста. Во изминатиот период таа постојано постира фотографии од неа и нејзините две деца.
Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска
Впечатлива беше големата трансформација со која пејачката скоро и да се преполови, намалкувајќи ја својата тежина.
Од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи, може да се забележи дека максимално е посветена на тренинзите.
Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска
Благодарение на напорните тренинзи пејачката за кратко време успеа да се реши од значителен број килограми, но и да го задржи својот беспрекорен изглед што е евидентно и од нејзините модни фотографии.
Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска
Шпекулацијата за разводот на пејачката Тамара Тодевска веќе подолго време кружи во јавноста, но
истата била официјално потврдена за магазинот ,,Убавина и здравје’’.
Имено, дознавме дека славната пејачка и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.
Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска
,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, вели Тодевска за Убавина и здравје