Кафе муабет

Нашата позната водителка направи голема промена – ОВОЈ ИЗГЛЕД ДЕФИНИТИВНО ЌЕ ВЕ ОСВОИ

Водителката порача: Бидете најдобрата верзија од себе...

 

Таа е дефинитивно доказ дека убавината и интелигенцијата сепак одат заедно.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Некогашната мисица Вера Мештеровиќ е поим за убавина, отменост, грациозност и харизма.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Во далечната 1996 година, на свои 17 години таа беше првата мисица која ја претставуваше Република Македонија на официјалниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржуваше во Бангалор, Индија.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Оттогаш досега поминаа 25 години, но Вера воопшто се нема променето. Што се однесува до физичкиот изглед таа сѐ уште може да се пофали со витка линија како во тинејџерските денови.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Времето како да запрело за неа. Дури може да се каже дека изгледа подобро од било кога.

Откако се разведе, Мештеровиќ почна интензивно да работи, снима реклами, модни кампањи, почна да се појавува на јавни настани, а глумеше и во видео спотови на популарни македонски пејачи.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Македонската убавица премина во водителските води. Имено таа на социјалните мрежи сподели дека започнува со нов ангажман – водителка на Утринската програма на Канал 5 телевизија.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Вера иако ја гази петтата деценија од животот, никој не би го рекол тоа за неа. Водителката може да се пофали со тело на кое може да ѝ позавидат и помладите девојки.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Неодамна, водителката направи голема трансформација со фризурата.

Имено, таа објави фотографија на Инстаграм под која напиша:

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

,,Кога косата ми е средена и без шминка се чувствувам посебно убаво. За косата се вели дека е украс, круна за секоја жена и навистина е така, но треба да се негува и најважното кому ќе ја доверите одговорноста.

Јас мојот фризер, стилист го пронајдов, можете и вие, едноставно посетете ги’’ – напиша Вера.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Бидете најубавата верзија од себеси, порача Вера која го испофали својот стилист.

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Фото:Фејсбук/Вера Мештеровиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close