Новости

МОЌНИОТ И СОФИСТИЦИРАН СТИЛ НА КАМАЛА ХАРИС: Нејзино мото е- облекувајте се паметно и соодветно!

Таа важи за една од најдобро стилизираните политичарки!

56 годишната Камила Харис која направи голема пресвртница во Америка, и за која секојдневно се пишува во медиумите, важи за една добро стилизирана дама, а нејзиниот избор на облека ја покажува модната софистицираност.

 

 

Таа многу пати знае да се појави во јавноста, облечена во своите омилени патики, што истовремено ја прави  и најкул американска политичарка.

 

 

Без разлика дали е во маслинесто зелена, бела или сина боја – Камала Харис ги обожава своите патики Converse.

 

 

Иако важи за жена која не претпочита високи потпетици и се чувствува најпријатно во патики, сепак Камала е многу елегантна во приликите кога е потребно, па за време на кампањата за изборите, можевме да ја видиме во високи потпетици, кои ги комбинира и со костуми и многу често блузи со машни и соодветни шалови.

 

 

И, на празнични настани, таа избира црни фустани до колена кои исто така го откриваат нејзиното чувство за елеганција и едноставност.

Со секоја своја комбинација, Камала само потврдува дека нејзиниот помпезен изглед не сака да го одвлекува вниманието од она што таа го зборува.

 

 

Додека Камала Харис се уште се обидуваше да собере гласови минатиот месец, таа на еден од митинзите се појави во XXL капут со благ пад ревери и темносино одело и панталони во кои издвојуваше не само авторитет, туку и сериозност.

 

 

Новта потпретседалелка на САД, Камала Харис, е жената чија кариера е приоритет со години, одлучи да се омажи пред 6 години. Таа е жената која воедно по изборите на 3 ти ноември, и по победата на Џо Бајден, влезе во историјата, како првата црна личност во американската историја што ја прифати кандидатурата за потпретседател, но и првата личност со азиско потекло избрана да се кандидира за функцијата.

 

Vice President-elect Kamala Harris arrives to deliver remarks in Wilmington, Delaware, on November 7, 2020, after being declared the winner with Joe Biden of the presidential election. (Photo by Roberto SCHMIDT / AFP)

Нејзиниот бел костум ја издвојува од темните бои на масата и има многу посебно значење, почитувајќи го движењето суфраже, член на движењето за еднакви права на глас за мажи и жени или воведување на избирачко право на жените (суфражетот доаѓа од англискиот збор право на глас за право на глас).

 

 

Политичарот се разбира во  модата, знае што и одговара и како најдобро да се претстави. Нејзиното мото е: Бидете соодветно и паметно облечени, да не го одвлекувате вниманието од основните работи, посочува модниот магазин Galla.

 

На почетокот на 20 век, суфражетите се бореа во: бела, виолетова и зелена ноја за правото на глас на жените.

Таа особено беше интересна за јавноста поради нејзиниот љубовен живот.

 

Денеска Камала е во брак со Даглас Имхоф и важат за совршен пар.

 

 

Тие се среќни заедно, и Камала неодамна рече дека се обидуваат да ги усогласат распоредот и обврските, но и дека редовно се слушаат.

“Се обидуваме да ја поминеме секоја вечер заедно. Така успеваме да ги надополниме сите пропуштени разговори”.

За неа Имхоф е вистнскиот маж, и вистински суперхерој како што го нарекуваат медиумите.

 

Vice President-elect Kamala Harris arrives to deliver remarks in Wilmington, Delaware, on November 7, 2020, after she and Joe Biden were declared the winners of the presidential election. (Photo by Jim WATSON / AFP)

Камала пред да влезе во Сенатот, беше министерка за правда на Калифорнија шест години, а пред тоа беше окружен правобранител во Сан Франциско.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close