Кафе муабет

Момчето загина како херој, кога го слушна пукањето се фрли преку постариот брат – ова се најмладите жртви на убиецот!

Убеини 8 лица, најмладата жртва имаше само 15 години

21-годишниот Урош М кој е осомничен дека во околината на Младеновац (место кое се наоѓа на околу 40 километри од Белград) убил 8 и ранил 14 луѓе беше уапсен утринава по 9 часовната опсежната потрага за него.

Тој беше лишен од слобода во околината на Крагуевац, а својот крвав пир го започна во селото Дубона, а потоа и Мало Орашје.

Во селото Мало Орашје уби пет лица, на возраст од 15 до 25 години.

Фото: МУП Србија

Како што пренесува српскиот „Курир“, мештаните на ова место раскажуваат дека 15-годишното момче настрадало кога Урош започнал рафално да пука, па тоа се фрлило за да го заштити својот постар брат.

Момчето херој иако имало само 15 години, веднаш сфатило за што станува збор и без размислување се фрлило пред пиштолот и погодено од куршумите наместо неговиот брат се срушило веднаш, во близина на споменикот.

Потсетуваме, свирепиот убиец пукаше на три локации – во селото Дубона, Мало Орашје и Шепшин, убивајќи невини луѓе.

Фото: МУП Србија

Осомничениот беше фатен во викендичката во Шепшин, каде полицијата пронајде поголема количество на оружје.

Фото: МУП Србија

Во викендичката во која што е фатен осомничениот пронајдено се карабин со оптика, пиштол, сигнален пиштол, два придушувачи, ловечки нож, 4 сигнални куршуми и 25 парчиња муниција за карабин.

Фото: МУП Србија

Покрај ова оружје, при претресот на куќата и придружниот објект во населбата Вињиште пронајдени се и четири рачни бомби, повеќе кутии со муниција за пиштол, повеќе парчиња муниција за пушка, рамка за пиштол, две рами за автоматска пушка, носач за оптика, како и автоматска пушка без фабрички број,

Фото: МУП Србија

Потсетуваме, овој масакр се случи само еден ден по масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога 13-годишно момче уби осум ученици и чувар, а тешко рани шест ученици и една учителка.

Фото: МУП Србија

Како што пренесуваат медиумите, мајката на осомничениот за ова убиство работи во ВМА, а неговиот татко е војно лице во пензија.

Ова се жртвите на убиецот

Урош својот крвав пир го запина во Орашје кога излегол од кола и пукал во група луѓе кои седела околу логорски оган.

Тој потоа го продолжил својот крвав пир и дошол до местото кое е оддалечена неколку километри подалеку, излегол од својот автомобил и без причина пукал во четири лица кои местела капија во еден двор.

Полицаецот и неговата сестра (на следната слика)

Убиецот потоа повторно седнал во автомобилот и отишол во центарот на селото Дубон и повторно пукал, каде убил две лица – 20 годишен полицаец што во тој момент не бепе на должност и неговата 19 годишна сестра.

Фото: МУП Србија

Убиецот потоа избега и по него трагаа повеќе од 600 припадници на МУП, кои по деветчасовна потрага го уапсија во близина на Крагуевац.

Фото: Социјални мрежи

Фото: Социјални мрежи

Фото: Социјални мрежи

Фото: Социјални мрежи

Фото: Социјални мрежи

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close