Кафе муабет

Мислевме дека нивната љубов ќе трае вечно: ОВА Е ЖЕНАТА која им застана на патот на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ (ФОТО)

Поранешната девојка на Иван Босиљчиќ е позната балерина...

Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ, кои се во брак една деценија, важат за еден од најскладните парови на јавната сцена.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Сепак, малкумина знаат дека овие двајца уметници се забавувале една година пред свадбата, извесен период раскинале, а потоа ја обновиле романсата бидејќи сфатиле дека се создадени еден за друг.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ

Имено, Иван во тоа време беше ѕвезда на теленовелата „Ранетиот орел“, девојките го обожаваа и масовно доаѓаа во театарот „Теразије“ за да ги гледаат неговите претстави и да го запознаат.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Во периодот кога не беше со Јелена, тој започна романса со младата балерина Лидија Новаковиќ. Нив ги спои мјузиклот „Циганите летаат кон небото“ во кој Иван го толкуваше главниот лик, а дел од балетската претстава беше и поранешната девојка на Иван Босиљчиќ.

фото инстаграм/Лидија Новаковиќ

Поранешната девојка на Иван Босиљчиќ, која наводно учествувала на изборот за Мис на Србија, е родум од Панчево, каде што завршила основно балетско училиште, а подоцна професионалната обука ја продолжила во Белград.

фото инстаграм/Лидија Новаковиќ

Таа и денес се занимава со балет, во театарот „Теразије“, а нејзиниот профил на „Инстаграм“ покажува дека е уште поубава отколку пред десет години.

фото инстаграм/Лидија Новаковиќ

Тајната романса на Лидија и Иван, која траеше неколку месеци, не опстана. Иван и Јелена се смирија, започнаа ново поглавје, а набргу потоа ја информираа јавноста дека на пат е принова.

фото Инстаграм/ Лидија Новаковиќ

Тие денес се горди родители на Нина и се вљубени како денот кога застанаа пред матичар во 2011 година.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Имено Јелена Томашевиќ и Иван, не пропуштаат прилика за разменување нежности и важат за еден од најромантичните парови во регионот.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Двајцата зрачат со позитивна енергија, и често пати велат дека нивниот дом е преполн со љубов, почит и разбирање.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Брачната двојка ретко зборува за детали од нивниот приватен живот, но затоа ги воодушевуваат следбениците на социјалната мрежа Инстаграм со објави од нивното семејно секојдневие.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Иван кој веќе неколку години е ангажиран во Русија и се занимава со руска кинематографија, има цврст машки поглед кон животот, тој е нежен и грижлив кон жените и полн со љубезност кон останатите.
Животните вредности се трудат да и ги всадат на нивната наследничка Нина.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Во искрено интервју за Story.rs Иван пред извесно време призна кој настан оставил силен белег во неговиот живот и открива на што се е подготвен за доброто на неговите најблиски.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Иван вели дека за него најважно во едно семејство е љубовта.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

-Љубовта, особено кон најблиските се искажува со прегратки, лојалност.Јас сум подготвен и да се жртвуваам за нив. Општо кажано, ми се допаѓа нашиот машки менталитет. Тој е особено ценет во другите држави на пример, во Русија. Таму постојано ја истакнуваат нашата мажественост. Во современите обрасци, кога се споменува изразување на емоции, веднаш се мисли на машко-женските односи. Но, да не заборавиме дека вистинската емоционалност на една личност може да се забележи и во односот кон дете, родител, татковина …

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Според мене вистински маж е оној кој е подготвен да даде сè од себе за своите блиски, па дури и живот ако е потребно, истакна Иван.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Актерот вели дека тој и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ многу го негуваат својот брак, и секојдневно си повторуваат дека постои решение за се.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Јас и Јелена постојано се потсетуваме, често на глас пред детето, дека ништо во животот не е фатално, затоа што има решение за сè. Тоа и го покажуваме на Нина со нашето однесување. Ние се обидуваме практично да ја приближиме нашата традиција и нашата вера, бидејќи без оглед во кое време е и каде и да е, знаејќи ја нејзината традиција, таа ќе може јасно да се позиционира во однос на светот. И познавајќи ја нејзината вера, таа никогаш нема да се чувствува сама.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Неодамна и пејачката проговори за нејзиниот брак и воедно ја откри формулата за нивната среќа.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

„Тајна за совршен брак не постои, постои само љубов и дали двете личности се сложуваат или не. Постојат кавги како и во секој брак, И нема тука кој прв ќе попушти тоа не е расправија за да се попушти, тоа оди се во рок службата“, вели Јелена.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Иако се смета дека уметниците се малку тешки, а за тоа како двајца уметници се снаоѓаат во бракот откри Томашевиќ.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

„ Се зависи, нема тука правила ни меѓу нас пејачите ни меѓу актерите „ Сто луѓе, сто чуда“ – тоа е стара изрека која во овој случај се покажа како исправна“, вели Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Томашевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close