Кафе муабет

МИНА, ЌЕРКАТА НА ВЕСНА БЕЈБИ СТАНА ПОЛНОЛЕТНА – НА ПРОСЛАВАТА И ТАМАРА ТОДЕВСКА, ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ И ИГОР ЏАМБАЗОВ

Роденденска журка во кафеана со Тамара, Тијана и Игор...

Македонската актерка и водителка Весна Петрушевска, позната и по својот прекрар Бејби, својата огромна популарност ја стекна со нејзиното ток-шоу Вртелешка, кое достигна голема популарност и се емитуваше повеќе години на македонските телевизиски канали.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Актерката во многу прилики на своите социјални медиуми знае да ја спомне својата ќерка Мина – која годинава стана полнолетна.

Пред неколку години Весна со емотивен статус раскажа што и се случило на нејзината ќерка. Имено, преку трогателна порака актерката на социјалните  медиуми говореше за траумите кои ги доживеала Мина.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

„Мојата ќерка е најхраброто дете на овој свет, во последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предизвици, да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти: ‘Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња, не сум виновна, нели мамо?’“.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Ова е трогателната порака која актерката Весна Петрушевска ја објави на својата страница на „Фејсбук“, со што јавно проговори за траумите што ги доживеала нејзината ќерка.

После ова, напаѓачот беше пронајден и осуден на 12,5 години казна затвор.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

 

Оваа година ќерката на актерката стана полнолетна. Имено, вчера Мина наполни 18 години.

Весна, со големи емоции  и среќа напиша роденденска честитка за својата ќерка.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Таа гласеше вака:

,,Мораме да ги учиме нашите ќерки дека ако можат да го искажат своето мислење, можат да создадат свет каков што сакаат. Мина, среќна 18ка, те сакам до небото и назад’’; напиша таа и објави фотографии од прославата.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Роденденот на Мина го прославија во еден познат скопски ресторан, а во друштвото на прославата беа присутни и дел од македонските јавни личности, меѓу кои и Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ и Игор Џамбазов.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Мина долги години е дел од актерската школа на мајка си, и дел од проектот ,,Агенда 21’’ што го снимаат Весна и Џамбазов.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Освен Мина, Весна Бејби го има и синот Кирил, кој живее во САД со неговиот татко.

Фото: Фејсбук/Весна Петрушевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close