Бебе

Миа излезе од породилиштето: Пристигна дома со бебето – ја чекаше големо изненадување!

Целиот стан беше исполнет со розови и бели балони, плишани играчки и бебешки работи, додека цвеќињата за добредојде беа специјално купени за гордата мајка...

Пејачката Миа Борисављевиќ и сопругот Бојан Грујиќ на 10 јули станаа родители на втората ќерка, која ја нарекоа Теа, а сега Миа покажа дека пристигнала дома со бебето.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

Имено, кога пристигнала во својот дом, ја дочека прекрасно изненадување што и го приредил нејзиниот сопруг, а таа била воодушевена од глетката.

Целиот стан беше исполнет со розови и бели балони, плишани играчки и бебешки работи, додека цвеќињата за добредојде беа специјално купени за гордата мајка.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

Сепак, најголемото внимание на следбениците на Инстаграм го привлече преслаткото катче за бебето, во кое доминира розовата боја.

Пејачката веднаш по породувањето се огласи на Инстаграм и доби низа честитки и коментари.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

– Здраво, свете. Јас сум Теа Грујиќ, сестра на Ема и ќерка на Бојан и Миа. Родена сум денес во 12:45 часот, имам 3.160 килограми и долга сум 52 см. Јас сум влакнеста, црна, исто како што ме сонуваше мајка ми во 5-та недела од бременоста. Благодарам на мојата докторка Слаѓа која ми помогна безгрижно да дојдам на овој свет и ви благодарам на сите за честитките и добрите желби. Ќе спијам сега и ќе ја гледам својата бебешка работа. Ве сака вашата Теа – напиша Миа на Инстаграм веднаш по породувањето.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

Порталот Пинк.рс ја контактираше Миа и таа откри како се чувствува по раѓањето.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

-Сè е одлично, ви благодарам многу. Бебето доби оценка 10 . Добро сум, малку имам болки, но добро е- рече Миа за Пинк.рс.

Пејачката неколку дена пред породувањето откри дека и било закажано породување со царски рез.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

– Мојот термин е сабота, за само три дена. Не сум исплашена ниту возбудена, се чувствувам како да одам на забар. Ќе се породам со царски рез, докторот така одлучи. Не се прашувам тука јас многу многу. Бојан ќе ме однесе во болница, сепак, колку долго ќе може да остане таму, поради епидемијата, е прашање. Тој сигурно нема да присуствува на породувањето, напиша неодамна Миа.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

Бидејќи Миа и Бојан веќе имаат ќерка, тие не купуваа многу работи за наследничката.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

– Сè е спремно. Веќе имавме многу работи но и купивме доста работи за бебето. Сега сè е многу порелаксирано од првиот пат, нема посебна еуфорија. Првиот пат, сепак, сè беше непознато и имаше многу поголеми подготовки отколку сега, изјави пејачката неколку дена пред да ја донесе на свет нејзината втора ќерка Теа.

фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ
фото инстаграм/Миа Борисављевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close