Новости

МИА БОРИСАВЉЕВИЌ ПОВТОРНО БРЕМЕНА: Пејачката открива- сакам да биде девојче!

Бојан и Миа го очекуваат своето второ дете

Познатата српска пејачка Миа Борисављевиќ и нејзиниот долгогодишен партнер кој воедно е и нејзин колега Бојан Ѓуриќ, ќе станат родители по втор пат.

фото Glossy.espreso.rs

Инаку парот ќе стане побогат за уште еден член на лето, а неодамна  во емисијата „Премиера – Специјален викенд“, таа зборуваше за проширување на семејството, потенцирајќи дека би сакала да има две деца, при што алудираше на тоа дека сака  две ќерки …

Иако веќе е горда мајка на малата Ема, познатата пејачка не крие дека би сакала да роди уште едно девојче.

 

Фото Инстаграм

Водителите на популарната емисија коментираа дека пејачката изгледа убаво, но и ’поставувале прашања од гледачите кои пристигнале во живо.

Едно од многуте прашања кои пристигнаа до Миа, беше токму тоа дали е бремена.

 

– Вистина е дека сум бремена, трети месец сум. Сите сме многу возбудени, едвај чекаме да се роди бебето. Наскоро ќе го дознаеме и полот на бебето, за околу три недели. Искрено посакувам девојче, Бојан сака момче, а Ема ги сака и двете, но тоа нема да и биде исполнето сега …

И таа е многу среќна што ќе добие засилување. Сега сум претпазлива поради короната, се грижам што е можно повеќе, но не се плашам – изјави Миа во емисијата.

 

Сепак пејачката не можеше да ја скрие реакцијата кога го слушна прашањето дали е бремена,  па ги насмеа водителките со нејзината реакција.

– Па, можеби сега спијам малку повеќе, па изгледам посвежо. Ќе видиме. Можеби има нешто. Би сакала да имам две деца. Две девојчиња, истакна пејачката во споменатото шоу. 


Инаку, Миа претходно зборуваше на темата за нејзината втора бременост, истакнувајќи дека нејзината ќерка Ема би била пресреќна доколку  би имала брат или сестра …

– Би било одлично да биде така, барем да знаеме дека оваа „корона“ година не помина залудно.

Многумина сè уште се заинтригирани од фактот зошто Миа и Бојан не стапнаа на лудиот камен, па таа накратко објасни …

 

– Не знам, ние славиме секој ден, не е важно дали така ќе ги собереме пријателите. Вака сме си самите доволни.

Не размислуваме на темата за венчавката – рече тогаш Миа Борисављевиќ.

Инаку Миа постојано споделува фотографии на својот Инстаграм профил, и многумина коментираат дека пејачката е посветена сопруга и мајка.

Во продолжение неколку фотографии од ова прекрасно семејство…

 

 

 

 

 

 


 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close